No Image x 0.00 + POST No Image

Кантарион – волшебната трева која лекува, но сепак ја викаат „убиец на животни“?

SHARE
0

Сите сме слушнале за кантарион, но колкумина знаат дека ова растение ги лекува болестите, ја зајакнува душата и може да предвиди дали љубовта нѝ е возвратена?

Кантарион – волшебната трева која лекува, но сепак ја викаат „убиец на животни“?

Името носи тајни

Иако лечи многу работи, кантарионот уште е нарекуван и крвава трева. Ако ставите свеж цвет од кантарион меѓу прстите, кожата ќе ви се обои црвено – како да е натопена со крв. Овој феномен го користеле нашите предци во љубовните гатања.

Името носи тајни

Љубовно гатање, но и опасност за животните

Во минатото, сокот од кантарион се користел за љубовни гатања: замислуваш некој што го сакаш, стеблото ти ги бојадисува прстите, па добиваш одговор дали чувствата се возвратени. Но, исто така кантарионот има пигмент кој ја зголемува чувствителноста на животните на сонце. Ако крава или коза се најаде кантарион, може да добие кожни изгореници, но ретко тоа е фатално. Ефектот е повеќе необичен отколку навистина смртоносен.

Љубовно гатање, но и опасност за животните

Кантарион – лек за 99 болести и магичен растителен талисман

Кантарионот е еден од најпознатите и најкорисните лековити растенија кај нас. Во народот се вика „лек за 99 болести“ – не затоа што броевите се точни, туку затоа што го користиме за речиси сè: рани, инфекции, ментален замор, а дури има и тонизирачко дејство. Ако некогаш почуствувате пад на енергија, пробајте чај од кантарион и почувствувајте како ќе делува. И не заборавајте – ова растение крие мудрост, легенди и (можеби) одговори на љубовните прашања.

Кантарион – лек за 99 болести и магичен растителен талисман