No Image x 0.00 + POST No Image

Што се случи со потомците на најсуровите диктатори во историјата? „Се стерилизирав за да не родам ново чудовиште“

SHARE
25

Што навистина се случи со децата и потомците на најозлогласените диктатори и масовни злосторници во светската историја? Во учебниците детално се изучуваат злоделата на овие водачи, но многу поретко се зборува за судбината на нивните семејства. Некои наследници тргнаа по крвавите стапки на своите татковци и станаа брутални насилници. Други, пак, направија се што можеа за да се оддалечат од семејното проклетство: ги менуваа имињата, заминуваа во анонимност или дури доброволно ја прекинуваа сопствената крвна лоза.

Што се случи со потомците на најсуровите диктатори во историјата? „Се стерилизирав за да не родам ново чудовиште“

Правнуката на Херман Геринг отиде на стерилизација на 30 години

Бетина Геринг е правнука на злогласниот нацистички командант Херман Геринг, вториот човек во хиерархијата на Адолф Хитлер и претседател на Рајхстагот. Долги години живее во Санта Фе, во Ново Мексико, каде што се занимава со хербална медицина. Во документарниот филм „Децата на Хитлер“ на израелскиот режисер Ханох Зеви, таа отворено призна дека таа и нејзиниот брат доброволно се подложиле на хируршка стерилизација. „Се стерилизирав на 30-годишна возраст бидејќи панично се плашев дека би можела да создадам уште едно чудовиште. Физички премногу личам на него – очите, јаболчниците, целиот профил. Повеќе личам на него дури и од неговата сопствена ќерка“, призна таа.

Правнуката на Херман Геринг отиде на стерилизација на 30 години

Удај Хусеин го загуби наследството по убиство на татовиот дегустатор во 1988 година

Првиот син на ирачкиот диктатор Садам Хусеин стана уште побрутален насилник од својот татко. Иако првично беше одреден за главен наследник на режимот, неговиот статус се урна по една забава на која ладнокрвно го уби личниот слуга и дегустатор на храна на Садам. Додека беше на чело на Олимпискиот комитет и Фудбалскиот сојуз на Ирак, Удај во специјални подруми ѕверски ги мачеше и тепаше спортистите доколку не постигнеа победа. Беше убиен во жестока престрелка со американските сили во 2003 година.

Удај Хусеин го загуби наследството по убиство на татовиот дегустатор во 1988 година

Мутасим Гадафи плаќаше приватни настапи на Бијонсе и Мараја Кери

Петтиот син на либискиот лидер Моамер Гадафи водеше раскошен плејбој живот, трошејќи милиони долари од нафтеното богатство. На неговите приватни забави настапуваа светски музички ѕвезди, а меѓу редовните гости беа Линдзи Лохан и Џеј-Зи. Луксузот заврши крваво за време на либиската граѓанска војна во 2011 година, кога беше заробен и погубен во Сирт заедно со својот татко.

Мутасим Гадафи плаќаше приватни настапи на Бијонсе и Мараја Кери

Омар бин Ладен сведочеше дека татко му им ги броел забите кога се смееле

Еден од дваесетте синови на основачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, целосно го отфрли терористичкото наследство на своето семејство. Во 2001 година ги прекина сите контакти со својот татко, а подоцна објави потресни мемоари за суровото детство. „Татко ми строго ни забрануваше да раскажуваме шеги или да покажуваме каква било радост. Ни дозволуваше само благ насмев, но без гласно смеење. Доколку се насмеевме погласно, мораше да внимаваме да не ни се видат забите. Имаше ситуации кога татко ми буквално ни ги броеше забите што се гледаат, строго прекорувајќи не за секоја насмевка.“

Омар бин Ладен сведочеше дека татко му им ги броел забите кога се смееле

Еда Геринг бараше отштета во 2015 година, Бригита Хес молчеше четири децении

Ќерката на Херман Геринг, за која се веруваше дека Хитлер и бил крштелен кум, до крајот на животот го бранеше татко си. Имаше само осум години кога Геринг се самоуби во нирнбершката ќелија, но како возрасна секогаш го опишуваше како грижлив татко, тврдејќи дека светот има погрешна слика за него. Подоцна поднесе правно барање до баварскиот парламент за конфискуваниот семеен имот, но судот едногласно го одби. Бригита Хес, ќерката на Рудолф Хес, злогласниот командант на логорот Аушвиц во кој беа збришани повеќе од еден милион невини луѓе, успеа долго време да го скрие своето потекло. По војната, преку Шпанија емигрираше во САД и 35 години работеше во престижен моден бутик во Вашингтон. Сопственици на бутикот биле Евреи бегалци од нацистичка Германија. Кога случајно дознале чија ќерка е, покажале невидена човечност и ја задржале на работа, велејќи дека децата не можат да бидат виновни за злосторствата на нивните родители.

Еда Геринг бараше отштета во 2015 година, Бригита Хес молчеше четири децении

Алесандра Мусолини влезе во десничарска политика, а внуката на Сталин отвори антикварница во Портланд

Внуката на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини со децении градеше кариера во десничарските италијански партии и редовно ја бранеше семејната чест. Сосема поинаков пат избра Крис Еванс, родена како Олга Питерс, ќерка на Светлана Алилуева и внука на советскиот диктатор Јосиф Сталин. Денес живее во Портланд, Орегон, носи пирсинзи и панк фризура, води мала антикварница и целосно го отфрла советското наследство на својот дедо. Слична судбина имаше и Сар Патчата, ќерката на камбоџанскиот џелат Пол Пот. По падот на црвените кмери го смени името и денес води мирен земјоделски живот во оризовите полиња во Камбоџа. За разлика од нив, Харалд Квант, посинокот на министерот за нацистичка пропаганда Јозеф Гебелс, беше единственото преживеано дете на Магда Гебелс. По војната го наследи семејниот индустриски гигант и ја претвори својата фамилија во една од најбогатите династии во Германија, контролирајќи голем дел од авто-индустријата на БМВ.

Алесандра Мусолини влезе во десничарска политика, а внуката на Сталин отвори антикварница во Портланд

-->