No Image x 0.00 + POST No Image

Што ни подготвува неделата според тарот? Нови почетоци, длабоки чувства и изненадувања за секој хороскопски знак!

SHARE
25

Започнува сезоната на Вага, пристигнува есен и Марс преминува во Шкорпија, носејќи интензитет и страст во вашите животи. Оваа недела е совршена за нови одлуки, ресетирање на навиките и жед за блискост со саканите. Тарот картите го откриваат најважното што ве очекува од 22 до 28 септември — дали сте подготвени да го дознаете вашиот судбински момент?

Што ни подготвува неделата според тарот? Нови почетоци, длабоки чувства и изненадувања за секој хороскопски знак!

Овен – Љубовни искушенија и дилеми

Тарот карта: Љубовниците Оваа недела за Овните може да биде бурна во љубовта. Ако сте слободни, внимавајте на привлечен Близнак или ситуација преполна со страст и искушение. Дури и ако сте во врска, пред вас е дилема или конфликти од двојна природа. Не дозволувајте да се водите од импулс — размислете двапати пред важни одлуки, не носете брзи заклучоци и внимавајте да не се покајате.

Овен – Љубовни искушенија и дилеми

Бик – Изненадна среќна прилика што нема да ја пропуштите

Тарот карта: Крал од Прут Иако веќе имате јасна цел и план, неделава ќе ви се појави неочекувана, позитивна можност што драстично ќе го забрза вашиот напредок. Без премногу размислување – прифатете ја веднаш! Може да биде поврзано со патување, ново знаење или целосна промена на животниот стил. Судбината е на ваша страна.

Бик – Изненадна среќна прилика што нема да ја пропуштите

Близнаци – Вистината излегува на виделина, истрагата ви носи одговори

Тарот карта: Месечината Оваа недела ќе го откриете она што одамна го насетувате. Излезете во истражувачки режим: прашувајте, проверувајте, копајте, истражувајте! Некој/нешто ќе се демаскира и ќе добиете доказ за вашите сомнежи. Ќе знаете што треба да направите понатаму и ќе си докажете себеси.

Близнаци – Вистината излегува на виделина, истрагата ви носи одговори

Рак – Заглавеноста престанува, решението е во нов ракурс

Тарот карта: Обесениот Се чувствувате заглавени подолго време? Оваа недела доаѓа промена! Ќе добиете нова перспектива која ќе го отвори патот. Побарајте мислење од луѓе што инаку не би ги прашале, гледајте на работите од друг агол – тука е клучот за да продолжите напред.

Рак – Заглавеноста престанува, решението е во нов ракурс

Лав – Препуштете се на борбата, оваа недела вие сте вистинскиот победник!

Тарот карта: Витез од Мечеви Лавовите оваа недела влегуваат во борбен модус. Имате сила, волја и енергија за да изборите победа за правдата – било лично или во полза на другите. Ќе добиете признание и успех таму каде што вистината е на ваша страна.

Лав – Препуштете се на борбата, оваа недела вие сте вистинскиот победник!

Девица – Не се откажувајте, голем пробив ве очекува зад аголот

Тарот карта: Осум Монети Иако се чувствувате исцрпено и без резултати, продолжете да работите „со глава“ – напредокот е блиску! Ќе добиете признание и помош од луѓе што го ценат вашиот напор и истрајност. Оваа поддршка носи голема промена и успех!

Девица – Не се откажувајте, голем пробив ве очекува зад аголот

Вага – Исповедањето ќе ви донесе ослободување и спокој

Тарот карта: Девет Мечеви Ако нешто ве мачи, време е да го извадите од себе. Искрен разговор со доверлив човек ќе ги растера темните мисли и вознемиреноста што ви тежи. Ќе почувствувате емоционално олеснување одма уште веднаш.

Вага – Исповедањето ќе ви донесе ослободување и спокој

Шкорпија – Мега идеја што ќе ве раздвижи и реализира планови

Тарот карта: Седум Чаши Оваа недела добивате мошне инспиративна идеја која ќе ве натера веднаш да преземете акција. Ова не е само фантазија – ќе почувствувате мотив и ентузијазам да ја остварите. За девет дена ќе гледате резултати.

Шкорпија – Мега идеја што ќе ве раздвижи и реализира планови

Стрелец – Виор од покани и можности, очекувајте бум во социјалниот живот

Тарот карта: Осум Прутеви Стрелците пред себе ќе имаат повеќе покани, настани и прилики отколку што можат да ги избројат. Сите ќе се поврзат и ќе ви отворат мрежа што ќе ви биде одлична за иднината. Ова е резултат на вашиот шарм, енергија и труд низ целата година.

Стрелец – Виор од покани и можности, очекувајте бум во социјалниот живот

Јарец – Време за одмор и обнова, заслужувате да си дадете пауза

Тарот карта: Десет Прутеви Веќе сте на лимит, Јарци! Конечно добивате можност да се одморите, да си го вратите мирот и да се наполните со енергија. Ова не е луксуз туку неопходност – новите предизвици доаѓаат, а вие треба да бидете свежи.

Јарец – Време за одмор и обнова, заслужувате да си дадете пауза

Водолија – Сонцето ви носи среќа, успех и љубов на сите полиња

Тарот карта: Сонцето Оваа недела ќе блеснете –очекувајте успех во работа, финансии, патувања, семејство и љубов. Сонцето симболично ви дава среќа, подароци и задоволства. Посакајте го тоа што го сакате најмногу – ќе дојде токму сега!

Водолија – Сонцето ви носи среќа, успех и љубов на сите полиња

Риби – Романтична и магична недела полна со искрена љубов и внимание

Тарот карта: Кралица Чаши Очекувајте недела полна со убавина, романтика, поддршка и емотивни разговори. Ќе добиете признание од блиските, внимание од обожаватели и можност за нови предивидувања. Љубовта ќе биде во приоритет!

Риби – Романтична и магична недела полна со искрена љубов и внимание