No Image x 0.00 + POST No Image

Што му се случува на вашето тело ако пиете кафе секој ден

SHARE
25

Повеќе од 66% од возрасните пијат околу три чаши кафе дневно. Кафето е повеќе од само ритуал – тоа влијае врз енергијата, фокусот и здравјето на срцето, но и врз спиењето, варењето и вашата уста. Дали знаете што всушност му прави на организмот вашата секојдневна доза кафе?

Што му се случува на вашето тело ако пиете кафе секој ден

Кафето ве буди, го подобрува фокусот и може да ја зголеми физичката издржливост

Една 350 мл чаша црно кафе содржи од 113 до 247 мг кофеин – стимуланс кој го буди мозокот и нервниот систем, ги подобрува концентрацијата и будноста. Препорачаната дневна доза е до 400 мг, што е околу четири чаши. Кафето може да ви даде енергија за тренинг и ја зголемува физичката активност – едно истражување покажало дека љубителите на кафе имале околу 10.646 чекори дневно, за разлика од 9.665 кај оние што не пијат кафе.

Кафето ве буди, го подобрува фокусот и може да ја зголеми физичката издржливост

Кафето го намалува ризикот од срцеви болести и дијабетес, благодарение на антиоксидансите

Истражувањата покажуваат дека умерено консумирање кафе го поврзуваат со понизок ризик од срцева слабост, инфаркт, мозочен удар и аритмии, како и со помал ризик од висок крвен притисок и дијабетес тип 2. Причината се антиоксидансите од кафето кои помагаат во борбата против воспаленијата – клучни за срцевото здравје. Кафето содржи и полифеноли и фитохемикалии кои го подобруваат метаболизмот на глукозата и чувствителноста на инсулин.

Кафето го намалува ризикот од срцеви болести и дијабетес, благодарение на антиоксидансите

Кафето може да ви го продолжи животот, но и да го наруши спиењето и да предизвика анксиозност

Пиењето кафе наутро е поврзано со помал ризик од смрт од сите причини во споредба со оние што пијат кафе подоцна или не пијат воопшто. Но, ако го пиете доцна, кофеинот го блокира аденозинот – хемикалија која ве тера да се чувствувате поспани – и може значително да ја намали вашата должина на сон и квалитет. Хроничниот недостиг на сон е ризик-фактор за срцеви заболувања, дебелина и дијабетес. Покрај тоа, кај некои може да предизвика анксиозност, брзо чукање на срцето или немир.

Кафето може да ви го продолжи животот, но и да го наруши спиењето и да предизвика анксиозност

Кафето стимулира варење, но, ако претерувате, може да предизвика дијареја, киселини и болки во стомакот

Киселините и кофеинот во кафето делуваат на желудникот и дебелото црево: го поттикнуваат производството на гастрин – хормон кој го забрзува празнењето на цревата и движењето на храната. Ова е корисно кога имате опстипација, но може да доведе до дијареја, гасови или болка, особено кај лица со синдром на иритабилно црево или гастро-езофагеален рефлукс. Намалете ги тегобите со тоа што ќе пиете кафе со добро избалансиран појадок.

Кафето стимулира варење, но, ако претерувате, може да предизвика дијареја, киселини и болки во стомакот

Кафето може да го оштети забниот емајл, да ги пожолти забите и да предизвика лош здив

Дневното пиење кафе може да ви ги обои забите, но и да го нагризе емајлот – заштитниот слој на забите – што може да доведе до чувствителност и болка при пијалак на топли или ладни напитоци. Овој ефект може да се избегне со тоа што ќе ги измиете забите или исплакнете уста веднаш по пиењето кафе.

Кафето може да го оштети забниот емајл, да ги пожолти забите и да предизвика лош здив

Како е најдобро да се пие кафето?

Како го подготвувате и пиете кафето е исто важно! Слатките сирупи и кремастите додатоци можат да доведат до прекумерна консумација шеќери, повисок ризик од дијабетес, покачен шеќер во крвта и дебелина. За повеќето, до 400 мг кофеин на ден е безбедно – но ако чувствувате анксиозност или несоница, намалете го или консултирајте се со стручно лице дали кафето е добар избор за вас.

Како е најдобро да се пие кафето?