Што е Епсом сол и зошто е добро да се бањате со неа?
Во време стрес и замор од секојдневието, природната поддршка на телото е повеќе од добредојдена. Еден од најефикасните и наједноставни начини за тоа е – бања со Епсом сол. Само половина час во топла вода со оваа магична сол, и ќе почувствувате целосно олеснување. Телото ќе ви биде благодарно. Иако се нарекува сол, Епсомовата сол всушност е природна минерална мешавина од магнезиум и сулфати, именувана според изворот во Епсом, Сари (Англија). Со векови се користи како природен лек за разни здравствени состојби – и тоа со причина.
Како делува и како правилно се користи?
Студиите покажуваат дека магнезиумот и сулфатите се апсорбираат преку кожата, што ја прави бањата со оваа сол одличен начин за внесување на корисните минерали. Магнезиумот има бројни функции: • регулира над 325 ензими, • ја намалува воспаленоста, • ја подобрува работата на мускулите и нервниот систем, • го спречува стврднувањето на артериите. Сулфатите, пак, го подобруваат варењето, ги елиминираат токсините и помагаат при главоболки и мигрени. Според експертите, 2-3 вакви бањи неделно значително ја подобруваат енергијата, сонот, концентрацијата и целокупното чувство на благосостојба. Магнезиумовите јони делуваат релаксирачки – го намалуваат ефектот на адреналинот и го смируваат телото и умот.
Упатство за користење:
• Во топла вода (не потопла од 38°C) додадете 150–200 грама Епсом сол. • За деца под 3 години: максимум 50 г (2 лажици). • Времетраење: 30 минути – првите 20 минути за детоксикација, следните 10 за апсорпција на магнезиумот. Совет: По капењето исплакнете се само со вода, без гелови или шампони. Ако се појави сува кожа или чешање – тоа е знак за недостаток на магнезиум. Продолжете со третманот. Може да нанесете кокосово масло на влажна кожа за хидратација – се впива брзо и не лепи. Ако немате када – направете бања за нозе! Пресечете ја дозата на половина, потопете ги нозете додека гледате телевизија – ќе се релаксирате и ќе го исчистите телото од токсини.