No Image x 0.00 + POST No Image

Нема веќе плаќање школарина на универзитетите: Германија нуди бесплатно високо образование не само за своите државјани, туку и за меѓународни студенти!

SHARE
25

Замислете свет каде високото образование е достапно за сите, без разлика од која држава доаѓате – и тоа на универзитетите што важат за едни од најдобрите во Европа. Во Германија, 319 јавни универзитети нудат бесплатни студиски програми – без школарина, дури и ако си странец! Овој радикален пристап не е само обичен закон – тоа е дел од германската визија да се поттикне инклузија, креативност и економски развој и да се привлечат таленти од целиот свет.

Нема веќе плаќање школарина на универзитетите: Германија нуди бесплатно високо образование не само за своите државјани, туку и за меѓународни студенти!

Бесплатното образование во Германија важи и за странски студенти – без поделби по националност или ЕУ државјанство

Јавните универзитети во Германија не ја прават разликата помеѓу германски и странски студенти. Без разлика дали доаѓаш од Македонија или од било која друга држава, можеш да студираш на германски јавен универзитет без да плаќаш школарина. Единствен исклучок постои во сојузната држава Баден-Виртемберг, каде за студенти од земји надвор од ЕУ се наплаќа 1.500 евра по семестар. Но, дури и таму често има можности за стипендии или делумно ослободување од плаќање.

Бесплатното образование во Германија важи и за странски студенти – без поделби по националност или ЕУ државјанство

Германија нуди над 1.500 програми на англиски јазик – не мора да зборуваш германски за да студираш бесплатно

Ако мислите дека не знаењето германски ќе ти биде пречка – не се грижете се. Повеќе од 1.500 програми на јавните универзитети се нудат целосно на англиски јазик, што ги отвара вратите за студенти од сите континенти. Ова значи дека можете да станете дел од интернационална академска средина, да живеете и студирате во Германија, а притоа полека да учите германски во текот на престојот.

Германија нуди над 1.500 програми на англиски јазик – не мора да зборуваш германски за да студираш бесплатно

Разликата помеѓу Schulgeld (школарина) и Semesterbeitrag (придонес за семестар)

Иако повеќето германски јавни универзитети не наплаќаат школарина, ќе видите дека постои нешто како „придонес за семестар“ од 200 до 400 евра по семестар. Овој износ не ја покрива наставата, туку административни трошоци, студентски услуги и често вклучува карта за јавниот превоз во градот каде што ќе студирате. Оваа карта дава големи попусти и слобода на движење. Важно е да знаете: придонесот не е школарина и ваквите такси постојат речиси насекаде во светот.

Разликата помеѓу Schulgeld (школарина) и Semesterbeitrag (придонес за семестар)

Најпознати германски универзитети: Бесплатни, светски реномирани и отворени за сите

Техничкиот универзитет во Минхен, Лудвиг-Максимилијан универзитетот, Универзитетот во Хајделберг и Фрајбург, како и универзитетите во Берлин – сите се јавни и нудат бесплатни студии за сите. Без разлика на реномето, принципот останува ист: нула школарина за сите студенти! Ова ги прави германските универзитети дестинација број еден за оние што го бараат најдоброто образование без финансиски товар.

Најпознати германски универзитети: Бесплатни, светски реномирани и отворени за сите