No Image x 0.00 + POST No Image

Зошто стројниците се повторно во мода? Дали луѓето после пандемијата заборавија на флертуваат?

SHARE
11

Никогаш досега професионалното „местење“ не било попопуларно. Она што порано се сметаше за старомодно или религиозно, денес стана симбол на елитна романтика. Филмот „Materialists” со Дакота Џонсон како гламурозна стројничка, како и епизода од „And Just Like That...”, го ставаат вниманието кон оваа „професија“, некогаш позната од старите времиња. А во реалниот живот, елитни стројници во Њујорк велат дека побарувачката расте.

Зошто стројниците се повторно во мода? Дали луѓето после пандемијата заборавија на флертуваат?

Луѓето сакаат сигурност

Бони Винстон, чии клиенти се милионери и милијардери, наплатува до 150.000 долари за нејзините услуги. Таа вели: „Тие имаат сè во животот – освен љубов.“ Откако започнала, бројот на колеги ѝ се удвоил, а индустријата процветала. Со падот на популарноста на апликации како Tinder и Hinge, луѓето бараат реални, проверени врски. Многумина, особено по пандемиската изолација, ги изгубиле вештините за флерт и сакаат сигурност.

Луѓето сакаат сигурност

Колкав е успехот?

Елитните агенции нудат и дополнителни услуги – фотографирање, пишување профили, па дури и психолошка поддршка. Според Винстон, успехот се мери не со брак, туку со взаемна љубов – а таа тврди дека има 85% стапка на успех. Како што вели Лори Заслоу, коосновач на Project Soulmate: „Ако им го доверуваме перењето на перална, зошто да не ѝ ја довериме љубовта на стројник?“

Колкав е успехот?