No Image x 0.00 + POST No Image

Зошто постарите Јапонци сакаат да ги поминат последните години во затвор? И што стои зад оваа необична практика?

SHARE
20

Во Јапонија, каде секој четврти жител е постар од 65 години, староста не носи слобода, туку борба за опстанок. Пензионерите масовно прават ситни кражби – не од алчност, туку за да бидат уапсени и да заминат... во затвор. Ова е неочекуваната човечка драма што ја потресува земјата на долголетниците и традиционалната почит кон постарите.

Зошто постарите Јапонци сакаат да ги поминат последните години во затвор? И што стои зад оваа необична практика?

Се’ повеќе старци во затвор

Бројките се шокантни: 20% од женската затворска популација се повозрасни лица, а дури 90% од нив се осудени само за кражби на храна или ситна стока. Зад ова не се крие криминален ум, туку уништено и напуштено поколение кое бара прибежиште зад решетките.

Се’ повеќе старци во затвор

Јапонија старее најбрзо во светот

Јапонија е државата со најбрзо стареење на населението: 27% од жителите имаат над 65 години, а до 2050 секој трет ќе биде пензионер. Поранешната традиционална семејна грижа е разрушена – децата се селат во градовите, а родителите остануваат сами во опустени села. Во 2023 година, 6 милиони пензионери живееле во потполна изолација. "Тие се како невидливи – соседите можат со месеци да не ги забележат," сведочи социологот Јукио Сато.

Јапонија старее најбрзо во светот

Затворот како последна опција

Истражување од 2017 година открива: 50% од постарите жени осудени за кражба немаат семејство, а 40% немаат никого за итен контакт. Во затвор имаат храна, кров и дружење. Чуварите сѐ почесто стануваат негуватели – помагаат со хигиена, памперси, лекови. "Понекогаш плачат кога ќе ги ослободиме, затоа што таму првпат после години некој се грижи за нив," вели чуварот од Ивакуни.

Затворот како последна опција

65% од јапонските пензионерки живеат под линијата на сиромаштија – зошто?

Ова се должи на културни и економски фактори: „Општесрвото до сега веруваше дека жената мора да се жртвува. Но кога жртвата ќе наполни 80 години, никој веќе не ја забележува,“ објаснува активистката Каори Накамура. Државата троши по 3 милиони јени годишно за еден постар затвореник – двојно повеќе од цената за место во дом за стари лица. А чекањето за вакво место оди и до две години.

65% од јапонските пензионерки живеат под линијата на сиромаштија – зошто?

Зошто за бабите затворот е како одмор

Што добиваат пензионерките зад решетки? Топла храна, човечка грижа, друштво, рутина. „За нив ова е како одмор – само што погледот е кон решетки, а не кон море,“ иронично забележал новинарот Такуја Шираиши. Иако во 2016 е донесен закон за поддршка на ослободени пензионерки, повеќето по излегување се враќаат на криминал – 70% повторно прават кражба, само за да се вратат „дома“.

Зошто за бабите затворот е како одмор

Јапонија во ќорсокак

И покрај новите иницијативи и закони, ситуацијата речиси не се менува. Социјалните установи се премногу малку и преполни, редици за дома траат со години. За илјадници постари лица, затворот е поприфатлив отколку животот во самотија и беда.

Јапонија во ќорсокак

„Менито“ на староста во Јапонија – затвор или изолација?

Пред пензионерите стојат две опции за старост: осаменост, сиромаштија и заборав или живот зад решетки со грижа и мало достоинство. Зошто мора да постои таков избор? Оваа приказна е повик на сите општества да размислат за младите и осамените, за вистинската грижа и поддршка до последниот ден.

„Менито“ на староста во Јапонија – затвор или изолација?