No Image x 0.00 + POST No Image

Зошто денес жените сметаат дека ‘да имаш дечко е срамота’ – нов стандард или бунт против романтичната зависност?

SHARE
26

Дали да се има дечко стана срамно? Ова прашање последниве денови не престанува да се провлекува преку социјалните мрежи, благодарение на текстот на Шанте Џозеф за британскиот Вог. Таа разработува една поразителна вистина: денешните жени сѐ поретко ги прикажуваат своите партнери јавно. Од период кога статусот на „девојка“ значеше имиња по Инстаграм биографии, фејсбук фотографии и јавно разменување љубовни пораки, сега, ако сте среќни, ќе видите само некој дел од лактот или неговото рамо на story.

Зошто денес жените сметаат дека ‘да имаш дечко е срамота’ – нов стандард или бунт против романтичната зависност?

Жените балансираат помеѓу социјалните бенефити и избегнувањето на културна неуспешност

„За мене, ова изгледа како резултат од обидот на жените да се движат помеѓу два света: оној каде може да ја користат социјалната корист од тоа што имаат партнер, но и онаму каде не сакаат да изгледаат премногу опседнати со дечковци и, со тоа, да не изгледаат како културни губитници“, пишува Џозеф. Текстот задира во желбата на жените, преку селективна приватност, да бидат вреднувани по нешто повеќе од статусот на врска, и истовремено својата интима да ја штитат од лоши јазици и болниот момент кога ќе мораш да бришеш заеднички фотографии по раскинување.

Жените балансираат помеѓу социјалните бенефити и избегнувањето на културна неуспешност

Сингл статусот станува гордост, не хендикеп – времето на врската како врвен статус-симбол е минато

Текстот се обидува да расчисти и со хетеронормативната идеја дека среќата доаѓа само преку романтична врска. Да се биде сингл денес често се доживува како гордост (понекогаш поради тоа што на никого не мораш да се правдаш… но да, т.н. сингл-данок е вистински). Оваа тема посебно ја интригираше авторката, бидејќи, иако блиску до триесеттата и со статус „повеќе сингл отколку во врска“, секогаш ја нервирало кога неверојатни жени ја потиснуваат својата искра поради некоја врска.

Сингл статусот станува гордост, не хендикеп – времето на врската како врвен статус-симбол е минато

Животот надвор од љубовната врска: Се отфрла идејата дека врската те прави комплетна

„Јас немам ништо против тоа некој да е вљубен и горда на тоа – напротив. Но секогаш сум сметала дека е исклучително важно жената да има живот и личност надвор од оној со кој се бакнува“, пишува авторката. Според неа, овие тенденции сигнализираат еден пресврт: врската повеќе не е врвно достигнување. Пријателствата, семејството, кариерата, хобијата, финансиската стабилност – сето ова сега е исто толку важно, а сингл статусот одамна не е потсмев.

Животот надвор од љубовната врска: Се отфрла идејата дека врската те прави комплетна

Смели, хумористични жени гордо слават што не се дефинирани преку машко

Онлајн дебатата е разгорена од споредби, шеги, мемиња и видеа во чест на жените кои не дозволуваат нивните животи да бидат етикетирани како „тажни“ поради тоа што немаат партнер. Руби Хол од Shameless Media, на пример, објави ТикТок каде танцува на Taylor Swift со порака: „Очигледно, кул е да си сингл сега!“. Лидија, друга корисничка на ТикТок, објави клип каде мавта и праќа бакнежи на песна од George Michael, со зборовите: „Благодариме, British Vogue! Ова е заслужена победа за сите нас што сме биле сингл цел живот!“. PR-от Лулу Дејвидсон, пак, сподели видео со сцената од филмот Mamma Mia на која пее „The Winner Takes It All“: „Какво е чувството да си сингл откако British Vogue објави дека да имаш дечко е срамно. Јас секогаш сум чекор напред пред трендовите.“

Смели, хумористични жени гордо слават што не се дефинирани преку машко

Славење на сингл статусот, но разликата меѓу себепронаоѓање и одбивање на партнерства е клучна

„Вистинската поента не е дали си сингл или во врска, туку дали си сигурен во себе, без разлика на сѐ.“ Таа предупредува и на опасниот тренд да се навредуваат жени кои делуваат премногу среќни, премногу заљубени или премногу задоволни: „Интернетот обожава заеднички негативец, а моментално тоа е жената која е предобра, пресреќна, преповрзана. ‘Дечковците се демоде’ звучи како шега, но всушност се испраќа порака: ако си нашла добар маж, си го изневерила другиот женски свет. Тоа е ефектот ‘рак во кофа’: ако еден рак се обиде да излезе, другите го повлекуваат надолу – и пораката е, ‘Не надминувај го колективното разочарување’.“

Славење на сингл статусот, но разликата меѓу себепронаоѓање и одбивање на партнерства е клучна

Љубовта не е ‘кринџ’ – засрамувањето на среќните жени е облик на самоуништување

„Се уморивме од совршени парови, но казнувањето на луѓето за здрави врски е нова форма на самосаботажа. Се преправаме дека љубовта е кринџ, но вистински кринџ е да се претставуваме како да не ја посакуваме.“ Доколку некој се вознемирува кога ќе види слободна, вљубена жена, тоа не е поради неа – туку поради личната недоверба во љубовта.

Љубовта не е ‘кринџ’ – засрамувањето на среќните жени е облик на самоуништување

Здравата врска значи независност и две личности, не две половини – најголемата моќ е во сопствениот идентитет

Заклучокот? „Здравата врска треба да личи на Вен-дијаграм: два полни круга кои се преклопуваат, а не две половини што се спојуваат да станат едно. Мора да имате сопствен идентитет, рутини и пријатели, покрај таа прекрасна средна зона. Независноста не ја загрозува врската, туку ја зацврстува. Луѓето кои го чуваат својот ентитет обично имаат посилни, подолготрајни врски.“

Здравата врска значи независност и две личности, не две половини – најголемата моќ е во сопствениот идентитет