No Image x 0.00 + POST No Image

Илон Маск се прави светец, но изгледа има и рокчиња: Една од неговите компании создаде тајно езеро, полно со токсичен индустриски отпад

SHARE
0

По инсталирањето на еден од најнеефикасните „транзитни системи“ во Лас Вегас, компанијата на Илон Маск, The Boring Company, остави уште еден „подарок“ за локалното население: големо езерце, сосема бесплатно. Но има една „малечка“ замка – компанијата го користи езерото за да фрла токсичен индустриски отпад, поради што водата добила злокобна зелена боја.

Илон Маск се прави светец, но изгледа има и рокчиња: Една од неговите компании создаде тајно езеро, полно со токсичен индустриски отпад

Работниците фатени во обид да сокријат загаденото езеро од јавноста со церади и жичана ограда

На 12 ноември, снимки на локалната телевизија 8 News Now покажаа како работници на The Boring Company брзаат да ја сокријат локацијата од погледите, покривајќи ја оградата со церади. Кога работниците забележаа дека камера на 8NN снима од тротоар, пријдоа кон снимателот. „Знам кој си ти“, рече еден од работниците. „Ти си лажни вести.“ Подоцна, портпарол на компанијата за 8NN изјавил дека езерцето со големина на тениско игралиште „секако не е скриено“, иако церадите стоеле, а наскоро се појавила и жичана ограда, очевидно за да одврати било кој истражувачки новинар од фотографирање на токсичната зелена дупка.

Работниците фатени во обид да сокријат загаденото езеро од јавноста со церади и жичана ограда

Инспекторите откриваат: Токсичниот отпад потекнува од ископувањата на The Boring Company за Луп-системот во конгресниот центар во Вегас

Кога локалните медиуми ја обелоденија приказната, окружните инспектори побараа подетален увид и открија дека компанијата го користи кратерот како депонија за вишок течни отпадоци од бушење, настанати од градежните работи на Vegas Convention Center Loop. Според 8NN, The Boring Company беше казнета со 500.000 долари поради нелегално фрлање „бушотински кал, отпад и цврсти остатоци“ уште од април годинава. Истрагата откри барем две различни локации на кои се вршело фрлање, а работниците продолжиле да го изнесуваат опасниот отпад и по ветувањето на претставник дека ќе престанат.

Инспекторите откриваат: Токсичниот отпад потекнува од ископувањата на The Boring Company за Луп-системот во конгресниот центар во Вегас

Окружната тужба: Намерно и свесно прекршување и лажни изјави од страна на компанијата на Маск

„Дрското одбивање на [The Boring Company] да престане со незаконското исфрлање дури и откако беше фатена на дело, заедно со лажните изјави на нивниот претставник до окружниот инспектор, докажуваат дека нивните активности биле свесни и намерни“, стои во окружната тужба. Во август, нивен претставник изјавил: „Во моментов ја истражуваме работата и ќе останеме транспарентни во однос на фактите што ќе ги утврдиме и со преземените корективни мерки.“

Окружната тужба: Намерно и свесно прекршување и лажни изјави од страна на компанијата на Маск

500.000 долари казна за компанијата, но вистинската штета по околината ќе се трпи уште долги години

Казната за ова прекршување треба да се плати до 1 декември. Претходните извештаи покажуваат дека работници на The Boring Company, како и локални пожарникари, често страдаат од хемиски изгореници од акцелератите што се користат во огромните машини за бушење. Истражувањето на ProPublica од октомври обележа речиси 800 еколошки прекршувања на овој проект во Вегас во последните две години. Иако оваа казна е финансиски голема, вистинската цена за локалната околина ќе се исплаќа со години.

500.000 долари казна за компанијата, но вистинската штета по околината ќе се трпи уште долги години