Што се случува со вашето тело ако пиете куркума секој ден
Шотовите од куркума станаа хит пијалок за здравје, направен од свежа или куркума во прав. Во нив често се додаваат и други здрави состојки, како ѓумбир, лимон, портокал и црн бибер. Овие шотови се преполни со антиоксиданти и хранливи материи кои ја јакнат вашата имунолошка одбрана, намалуваат воспаленија и можат да влијаат на вашето расположение и меморија.
In This Article:
- Куркумата намалува воспаленија и болка, а го штити и срцето и мозокот
- Куркумин може да ја подобри внимателноста, меморијата и распложението
- Може да помогне во забрзнао закрепнување на мускулите, го јакне имунитетот и го намалува шеќерот во крвта
- Како изгледа еден шот од куркума и кои состојки се користат
- Шотовите од куркума се безбедни за поголемиот дел од луѓето ако се внесуваат во препорачани дози
- Странични ефекти: Мачнина, болки и дури и оштетување на црниот дроб се можни доколку се консумира во поголеми количества
- Внимавајте ако имате недостаток на железо или пиете лекови: куркумата ја блокира апсорпцијата на железо и може да влијае на дејството на некои лекови
Куркумата намалува воспаленија и болка, а го штити и срцето и мозокот
Куркумата може значително да ја подобри состојбата со воспаленија и болка. Таа ја јакне антиоксидантната активност на организмот и помага во борбата против слободните радикали, кои можат да предизвикаат состојби како рак, срцеви заболувања и дијабетес. Други состојки како ѓумбир, морков, лимон и портокал исто така придонесуваат за намалување на воспаленијата.
Куркумин може да ја подобри внимателноста, меморијата и распложението
Истражувањата покажуваат дека долготрајната употреба на куркумин (најважната активна компонента во куркумата) може да ја подобри внимателноста и меморијата. Дополнително, таа може да придонесе за внатрешен мир и чувство на задоволство. И храната богата со витамин Ц (како лимон и портокал) може да влијае позитивно на распложението и вниманието.
Може да помогне во забрзнао закрепнување на мускулите, го јакне имунитетот и го намалува шеќерот во крвта
Студиите покажуваат дека куркумата може да помогне при закрепнување на мускулната болка после напорен тренинг, што ги прави шотовите од куркума популарни меѓу спортистите. Куркумата го зајакнува имунолошкиот систем и ја подобрува способноста на телото да се бори против инфекции. Лимоните, морковите и портокалите – чести додатоци во овие шотови – исто така се познати по своето позитивно делување врз имунитетот. Некои истражувања укажуваат дека куркумата може да го намали нивото на шеќерот во крвта и компликациите кај луѓе со дијабетес тип 2. Сепак, потребни се уште студии за да се потврди ова тврдење.
Како изгледа еден шот од куркума и кои состојки се користат
Шот од куркума обично се консумира дневно во доза од 50 до 60 милилитри концентриран сок од куркума. Покрај куркумата, се додаваат и други природни состојки за подобро впивање, вкус или поголем ефект. Најпопуларни додатоци се: ѓумбир, црн бибер, лимон, портокал, морков, мед, јаболко, ананас, кокосова вода. За добар шот, доволни се само ѓумбир, црн бибер и куркума.
Шотовите од куркума се безбедни за поголемиот дел од луѓето ако се внесуваат во препорачани дози
Истражувањата покажуваат дека куркуминот е безбеден во количини до 12 грама дневно. Најчесто, куркуминскиот шот содржи 17,5–35 грама сирова куркума (околу 700–1.400 милиграми куркумин). Три грама куркума во прав има само 30–90 милиграми куркумин. Дневно една чаша од 50 до 60 милилитри обезбедува придобивки без ризик, но претерувањето може да има последици.
Странични ефекти: Мачнина, болки и дури и оштетување на црниот дроб се можни доколку се консумира во поголеми количества
Иако генерално се сметаат за безбедни, шотовите од куркума во големи дози можат да предизвикаат мачнина, повраќање, болки во стомакот или запек. Забележани се и случаи на оштетување на црниот дроб поради употреба на производи со куркума. Ако почувствувате жолта кожа, умор, мачнина, лош апетит или потемна урина, веднаш престанете со употреба и консултирајте се со лекар.
Внимавајте ако имате недостаток на железо или пиете лекови: куркумата ја блокира апсорпцијата на железо и може да влијае на дејството на некои лекови
Ако имате недостаток на железо, консултирајте се со лекар пред да започнете со куркума. Куркумата може да ја намали апсорпцијата на железо од храната и до 90%. Исто така може да влијае на делување на одредени медикаменти, како што се некои антикоагуланси и други лекови.