Еден од десет Американци е дијагностициран со рак, откриваат шокантни податоци
Речиси секој десетти Американец сега тврди дека бил дијагностициран со канцер, покажуваат најновите истражувања, што е највисока бројка досега забележана на национално ниво. Истражувањето на Гелап покажало дека 9.7 проценти од возрасните во САД изјавиле дека имале најмалку една дијагноза на канцер во својот животен век, што е значителен раст од претходните години.
In This Article:
- Голем скок во дијагностицирани случаи, но тоа не значи зголемена стапка на нови болни
- Подобрени третмани и скрининг доведуваат до пад на смртноста
- Загрижувачки пораст на канцер кај младите – 14 видови расти кај лица под 50 години, а дијагноза најчесто доаѓа доцна и со посериозни последици
- Методологија на истражувањето: 30.000 Американци анкетирани
- Најголем скок на заболени кај повозрасните – кај оние над 65 години, 21.5% имаат дијагноза на канцер
- Мажите почесто дијагностицирани од жените, со поголем скок во последниве 15 години
- Најбрзо расте процентот на заболени меѓу црната популација – белците најчесто дијагностицирани, а азиските најмалку
- Милиони Американци живеат и по отстранување на канцерот, со долгогодишен медицински надзор, анксиозност и нови предизвици за здравствениот систем
Голем скок во дијагностицирани случаи, но тоа не значи зголемена стапка на нови болни
Во споредба со 2022 и 2023 година, кога 8.9 проценти од испитаниците тврделе дека биле дијагностицирани, ова е скок од 9 проценти. Од кога почнало истражувањето во 2008-2009, забележан е пораст за речиси 40 проценти од тогашните 7 проценти. Специјалистите од Гелап предупредуваат дека порастот на бројот на дијагностицирани не мора да значи дека канцер има повеќе, туку дека се менува и населението, кое станува постаро и со поголем процент луѓе кои се преживеани.
Подобрени третмани и скрининг доведуваат до пад на смртноста
Американското онколошко друштво проценува дека смртноста од канцер е намалена за 34 проценти од 1991 до 2022 година, благодарение на поусовршени третмани и скрининг методи, кои овозможуваат рано откривање кога шансите за излекување се многу поголеми. Во периодот од 2013 до 2022 година, Центарот за контрола и превенција на болести покажува пад на новите дијагностицирани случаи за 4 проценти.
Загрижувачки пораст на канцер кај младите – 14 видови расти кај лица под 50 години, а дијагноза најчесто доаѓа доцна и со посериозни последици
И покрај општиот тренд на стареење и подобро преживување, најновите истражувања алармираат за пораст на неколку видови канцер кај лица под 50 години. Докторите предупредуваат дека пациентите во оваа возрасна група се соочуваат со повисока смртност бидејќи често се дијагностицираат во понапредни фази кога излекувањето е потешко. Како можно објаснување од стручните лица се споменуваат сѐ поседентарни начини на живот, лоша исхрана, присуство на токсини и прекумерно процесирана храна.
Методологија на истражувањето: 30.000 Американци анкетирани
Истражувањето е спроведено преку телефонски интервјуа со национално репрезентативен примерок од 30.000 возрасни лица од сите 50 држави и Вашингтон од февруари до септември 2025 година. Клучното прашање гласело: „Дали лекар или медицинска сестра некогаш Ви кажале дека имате канцер?”
Најголем скок на заболени кај повозрасните – кај оние над 65 години, 21.5% имаат дијагноза на канцер
Испитувањето покажува дека повозрасните Американци имаат најголем пораст на дијагностицирани со канцер. Меѓу лицата над 65 години, 21.5 проценти изјавиле дека им е дијагностициран канцер, што е раст од 3.4 проценти споредено со 2008-2009. Кај лицата од 45 до 64 години тој процент сега изнесува 8.9, а кај младите од 18 до 44 години бројката останува стабилна од почетокот на истражувањето.
Мажите почесто дијагностицирани од жените, со поголем скок во последниве 15 години
Во најновата анкета, 9.8 проценти од мажите изјавиле дека имаат дијагноза од канцер, наспроти 9.6 проценти од жените. Кај мажите процентот се зголемил за 3.6 проценти во последните 15 години, додека кај жените растот е 1.7 проценти.
Најбрзо расте процентот на заболени меѓу црната популација – белците најчесто дијагностицирани, а азиските најмалку
Најголем пораст на дијагностицирани со канцер има кај Афроамериканците – 3.6 проценти. Следуваат белците со 2.7 проценти и Хиспаноамериканците со 2.3 проценти. Најмал пораст забележан е кај Aзијците — само 1.4 проценти. Сепак, процентуално, белците најчесто добивале дијагноза (10.9 проценти), а азиската популација е најмалку погодена (3.2 проценти). Кај црната популација процентот изнесува 7.8, додека кај Хиспаноамериканците 5.4 проценти.
Милиони Американци живеат и по отстранување на канцерот, со долгогодишен медицински надзор, анксиозност и нови предизвици за здравствениот систем
Експертите од Гелап заклучуваат: „Вкупната слика за канцерот во САД е мешавина од добри и лоши вести. Смртноста опаѓа и луѓето живеат подолго по дијагноза, но стареењето на населението и растечкиот број преживеани носат нови предизвици за здравствениот систем. Дури и кога се сметаат за клинички излекувани, преживеаните остануваат под струкруиран лекарски надзор со години, а понекогаш и цел живот, зависно од типот, стадиумот и историјата на лекувањето. Како резултат, милионите Американци кои повеќе не се акутно болни, редовно посетуваат онколози или други специјалисти, прават прегледи, управуваат со доцни ефекти и живеат со постојана здравствена анксиозност.“