Кинескиот начин за заштеда: Младите одгледуваат црви во домот и ги јадат за протеин
Кинеската младина е на нов екстремен тренд на штедење: започнаа да одгледуваат црви дома и да ги користат како евтина и хранлива храна. Звучи шокантно, но токму вака изгледа нивната борба за евтино преживување во услови на растечки животни трошоци.
In This Article:
Креативна сиромаштија: трикови за штедење кај младите Кинези
Онлајн-асоцијацијата на штедливост меѓу младите Кинези е преплавена со необични идеи: ладни тушеви за да се заштеди топла вода, спиење на под за да се избегне клима уредот, па дури и замрзнати јајца со цел едно јајце да трае за три јадења. Ова е живот со минимум трошоци и максимално трпение.
Црвите како нова супер храна
Нов, најрадикален тренд: консумација и одгледување на црви дома. Тие се евтини 12 јуани за килограм, (околу 1 евро) имаат 20% протеини и, според ентузијастите, наводно имаат вкус на 'млеко и бадеми'. Младите мажи најчесто се подготвени за оваа жртва, додека девојките сѐ уште одбиваат.
Црвите во моментов победија против месото
Цената на три дневни порции црви изнесува само 3 јуани (0.36 центи). Некои ги готват на пареа, ги мелат во паста за да направат пелмени или котлети, а некои дури изјавуваат дека звукот од црвите им помага за добар сон: „Слично на ехото од океанот, ти помага да ја победиш несоницата.“
Три пати помали трошоци, но за која цена?
Најуспешните штедачи со гордост откриваат: „Порано трошев повеќе од 30 000 јуани годишно(3600 евра). Сега, дури и со школарина, трошам само нешто повеќе од 10 000“ (1200 евра). Искушението за вакви заштеди е големо, но останува прашањето — дали вреди ваков живот само за да се преживее?