No Image x 0.00 + POST No Image

Еден едноставен оброк во 11 часот, кој може да ви го намали холестеролот и да го заштити вашето срце

SHARE
1

Кардиолозите од British Heart Foundation откриваат лесен начин кој, ако го воведете во секојдневието, може драстично да го намали холестеролот, го подобри крвниот притисок и да ви помогне да ослабете. Промената може да се случи со само еден избор околу 11 часот претпладне.

Еден едноставен оброк во 11 часот, кој може да ви го намали холестеролот и да го заштити вашето срце

Високиот холестерол и покачениот крвен притисок го загрозуваат вашиот живот

Голем број луѓе се соочуваат со проблеми како висок холестерол и висок крвен притисок, кои се главни причинители за срцев и мозочен удар. Лошите навики како јадење грицки или бисквити на пауза, само дополнително го зголемуваат ризикот.

Високиот холестерол и покачениот крвен притисок го загрозуваат вашиот живот

Замени го 11-часовниот бисквит со банана или овошје – препорака од британските кардиолози

Според British Heart Foundation, едноставната замена на чоколаден кекс или друга преработена грицка со парче овошје во 11 часот, особено банана, прави огромна разлика. Ова помага за намалување на холестеролот и крвниот притисок, и внесување на нискокалориски, богати хранливи материи.

Замени го 11-часовниот бисквит со банана или овошје – препорака од британските кардиолози

Бананата: природен извор на калиум и растителни влакна за здраво срце и стабилен притисок

Бананите се полни со калиум, кој е клучен за контролирање на крвниот притисок и намалување на ризикот од срцеви заболувања. Истражувањата покажуваат дека само 2 банани дневно може значително да придонесат за намалување на притисокот. Влакната во бананата и другото овошје исто така ја намалуваат апсорбцијата на холестерол во крвотокот.

Бананата: природен извор на калиум и растителни влакна за здраво срце и стабилен притисок

Бананата нуди уште повеќе: подобро варење, стабилен шеќер и подобра психа

Освен што го поттикнува здравјето на срцето, бананата содржи витамини Б6, Ц и манган, помага во варењето преку растителни влакна, и содржи триптофан - аминокиселина што се претвора во серотонин и го подобрува расположението. Сепак, дури и бананите треба да се јадат како дел од балансирана исхрана, особено кај лица со дијабетес или на нискојаглехидратна диета.

Бананата нуди уште повеќе: подобро варење, стабилен шеќер и подобра психа