No Image x 0.00 + POST No Image

Шокантна судбина на фински работник во чиешто двориште туристи доживеале 14 инфаркта, а 3 завршиле во лудница – паркот на ужаси кој секоја година привлекува милион посетители

SHARE
25

Во малото финско село среде непрооден шумски предел се крие нешто што секој би заборавил да го нарече нормално: парк од 476 човечки и нечовечки бетонски скулптури, создадени не од познат уметник, туку од обичен работник – Вејо Ренкконен. Овој парк е причина за 14 инфаркта, три загубени разуми т и милион туристи годишно. Ова е приказната за човек кој целиот свој живот, душа и лудило ги вгради во бетон.

Шокантна судбина на фински работник во чиешто двориште туристи доживеале 14 инфаркта, а 3 завршиле во лудница – паркот на ужаси кој секоја година привлекува милион посетители

Вејо – сирак од работничко семејство што остана сам со кредит и 50 ари шума

Вејо Ренкконен никогаш не се сметал за уметник. Роден во 1944 година, го повторил патот на родителите – работел како оператор на автоматска преса во локалната фабрика. Судбината сурово го погодила – на 16 години останал без родители и под закана од банката дека ќе му го земат домот. Наместо да се предаде, зел кредит, ја расчистувал и продавал сопствената шума и за неколку години успеал да го отплати долгот.

Вејо – сирак од работничко семејство што остана сам со кредит и 50 ари шума

Тивката опсесија: од јога, пливање и живот во самотија до првите бизарни бетонски фигури со вистински човечки заби

Наместо да падне во очај, Вејо живеел скромен работнички живот, вежбал јога, пливал и се оддал на самотија. Сосема неочекувано, во дворот почнал да изработува човечки фигури од бетон – ги обликувал, боел и, најшокантно, им вградувал вистински заби. Прво од неговиот татко, а потоа од стоматолози и непознати луѓе од цела Финска. Соседите го сметале за чудак, сè додека дворот не се претворил во „бетонска колонија на насмевки“.

Тивката опсесија: од јога, пливање и живот во самотија до првите бизарни бетонски фигури со вистински човечки заби

476 фигури: морничави насмевки, јога пози, животни и автопортрети

Со тек на време занаетот му станал посовршен, а паркот прераснал во паралелен бетонски свет: стотици човечки фигури со искривени насмевки и затворени очи, јоги и акробати во невозможни пози, бетонски животни и митски суштества, па дури и околу 200 автопортрети на самиот Вејо. Атмосферата ја надополнил со снимки од птици. Денес колекцијата е признаена како национално културно наследство.

476 фигури: морничави насмевки, јога пози, животни и автопортрети

Парк што плаши и фасцинира: несвестици, скршени апарати и душата на Вејо

По смртта на Вејо на 66 години, неговиот парк беше отворен за јавноста и стана туристичка атракција во источна Финска. Билетот чини пет евра, но посетителите потпишуваат изјава дека нема да тужат ако доживеат срцев удар. Паркот има репутација на место каде што навечер мистериозно откажуваат апарати, а чувствителни посетители паѓаат во несвест или добиваат напади од страв. Зад сите бетонски ликови и искривени насмевки останала приказната за еден човек кој, наместо да бара слава или признание, целиот свој живот го вградил во сопствениот свет од бетон. И таму, меѓу 476 фигури, останала и неговата душа.

Парк што плаши и фасцинира: несвестици, скршени апарати и душата на Вејо