No Image x 0.00 + POST No Image

Бразилска инфлуенсерка остана деформирана поради инјекции со минерално масло (уље) и лаксативи кои и биле вбризгани во лицето

SHARE
25

Бразилската инфлуенсерка Јулијана Оливеира, позната како Жужу ду Пикс, мора да оди под нож поради тоа што тврди дека останала деформирана поради козметички инјекции кои завршиле фатално по неа. Оливеира сведочи дека во 2017 година им била дадена супстанција за која мислела дека е на база на силикон – но всушност и биле инјектирани 21 шприц минерално масло (уље) и лаксативи директно во образите. Ужасната процедура е направена во нелегална клиника без нејзина согласност, што оставило длабоки последици на нејзиното лице.

Бразилска инфлуенсерка остана деформирана поради инјекции со минерално масло (уље) и лаксативи кои и биле вбризгани во лицето

21 шприц опасна супстанци инјектирани незаконски го уништија лицето на Оливеира

Оливеира објаснува дека наместо силикон, и се инјектирани 21 шприц минерално масло и лаксативи. Според извештајот на The Sun, оваа постапка ја извршила нелегална клиника без нејзина согласност. Многу дермални полнила се одобрени од медицински институции, меѓутоа експертите предупредуваат дека е исклучително важно секогаш да знаете точно што ви се инјектира во лице – и тоа само од лиценциран доктор. Харвард Хелт предупредува: „Инјектирање страни, нестерилни супстанци како минерално масло во лице може да предизвика сериозни проблеми, вклучувајќи емболија што води до слепило.“ Оливеира останала со подуени образи и очни капаци и мислела дека никогаш нема да се врати на своето старо лице и дури не можела да најде работа поради тоа.

21 шприц опасна супстанци инјектирани незаконски го уништија лицето на Оливеира

Жужу ду Пикс отиде на операција по четири години пекол – прва од серија реконструктивни операции

Минатата недела Јулијан отиде под нож кај пластичниот хирург од Сао Пауло, д-р Тијаго Мара, кој ја документираше операцијата на Инстаграм. Операцијата траела повеќе од четири часа и ова е само првата од повеќе реконструктивни операции кои ја очекуваат познатата инфлуенсерка. Д-р Мара сподели фотографии на кои се гледа дека Оливеира има многу конци на образите и брадата, а во друга снимка прикажано е „пред“ и „потоа“, каде дел од оперативниот фокус бил токму на нејзината брада. „Вчерашната операција на згрутчување беше успешна,“ напиша доктор Тијаго Мара. „Сега да го следиме оздравувањето. Возбудени ли сте да го видите резултатот за 20 дена?“ Засега не е познато кога ќе следи следната операција.

Жужу ду Пикс отиде на операција по четири години пекол – прва од серија реконструктивни операции

Скриена опасност: неквалификувани лица и фалсификувани инјекции од Кина предизвикуваат сериозни последици низ светот

Случајот на Оливеира за жал не е изолиран. Минатата година лекарите предупредија на лажни ботокс-инјекции што ги доведоа жените до болници. Според Центарот за контрола и превенција на болести, во април 2024 година 22 лица во 11 држави пријавиле штетни реакции по добиени инјекции од популарниот филер од страна на нелиценцирани или нестручно обучени. Никоја од жените немала интервенција во медицинска установа – сите примиле ботокс во салони за убавина или дома. Проблемот е уште подлабок, затоа што производители ги таргетираат лиценцираните медицински лица со фалсификувани производи од Кина. Во Њујорк, козметичарот Џои Грант Лутер беше уапсен откако наредил фалсификуван ботокс од Кина и немал дозвола да го администрира во државата Њујорк. Неговиот салон во Хелс Кичен се вика JGL Aesthetics.

Скриена опасност: неквалификувани лица и фалсификувани инјекции од Кина предизвикуваат сериозни последици низ светот