No Image x 0.00 + POST No Image

Генијална измама: 36 Кинези купиле по еден стан за својата вереница - се испостави дека сите имале една иста вереница

SHARE
21

Во Кина, 36 мажи беа вовлечени во генијална измама: сите купија станови со надеж за брак со „идеалната жена“, која веднаш по купувањето им го прекина секој контакт. Ниту една не украла ништо, сѐ било во рамките на законот, но никој не очекуваше ваква сурова манипулација на чувства.

Генијална измама: 36 Кинези купиле по еден стан за својата вереница - се испостави дека сите имале една иста вереница

Совршената невеста што ја посакува секој

Жената која се претставувала како Лиу Џиа, 30-годишна од провинцијата Хунан, работела во трговија со електрична енергија во Шенжен. Со беспрекорен шарм, нежен пристап и семејни вредности, таа ја стекнувала довербата на мажите за само еден месец преку платформи за запознавање.

Совршената невеста што ја посакува секој

Набрзина се стигнувало до брак

По само еден месец запознавање, таа брзала да разговара за брак – нешто типично за Кина, каде што мажите се плашат дека поради недостиг на жени ќе бидат „преземени“ од некој друг. Но, имала еден услов: пред запознавање со родителите и заеднички живот, мажот мора да купи стан, „таму каде што таа би сакала да живее“. За поголема убедливост, дури нудела да даде 30.000 јуани за почетното учество, но инсистирала станот да е само на негово име.

Набрзина се стигнувало до брак

Храбар чекор со горчлив крај

Сите 36 мажи ја купиле саканата недвижнина – станови во елитни квартови во Хуејџоу, по барање на невестата. Веднаш по завршувањето на купопродажниот процес, Лиу започнувала да се однесува ладно и набргу ги блокирала. Сега, секој месец, тие плаќаат околу 4100 јуани (приближно 50.000 денари) хипотека, само затоа што верувале премногу на една жена.

Храбар чекор со горчлив крај

Дали изневерените мажи се жртви на љубов, алчност или корпорациска шема?

Се сомнева дека Лиу била платена од инвеститор или градежна фирма за да ги подигне продажбите во комплексите каде што самиот интерес бил мал. Сега, мажите барем имаат свои станови, а жената не ги оштетила материјално – но, психолошката траума и играњето со чувства остануваат како горчлив белег од оваа изненадувачка приказна.

Дали изневерените мажи се жртви на љубов, алчност или корпорациска шема?