Пробив во биотехнологијата: Научниците создаваат вештачки јајца во кои се одгледуваат кокошки.
Биотехнолошката компанија Colossal Biosciences објави дека успешно одгледала здрави пиленца од вештачки создадени јајца. На фармата на компанијата во Тексас веќе се израснати повеќе од 30 вакви птици. Со ова достигнување, се отвора нова ера за одгледување животни и создавање услови за заштита на ретки и исчезнати видови. Новата инкубациона платформа, на која се работело околу две години, овозможува ембрионот да се развива надвор од традиционалната биолошка средина.
In This Article:
Вештачката инкубација може драстично да го промени начинот на спасување на исчезнати животински видови
Генералниот директор и коосновач на Colossal Biosciences, Бен Лам, за USA TODAY изјави дека оваа технологија претставува чекор кон многу поамбициозна цел – враќањето на исчезнати видови. Компанијата моментално работи на проект за „воскреснување“ на џиновскиот моа – огромни, нелетачки птици кои исчезнале пред околу 600 години во Нов Зеланд. Јајцето на моа е речиси 80 пати поголемо од кокошкинoто, поради што традиционалните методи на инкубација преку сурогат мајки се невозможни. Заради тоа, Colossal се фокусира на развиток на вештачка средина за развој.
Нови можности за иднината на биологијата
Во исто време, компанијата развива проекти што вклучуваат генетски модифицирани животински модели, вклучувајќи експериментален „волнест глушец“. Главната идеја е да се создадат услови за „егзоген развој“, односно формирање на потомство целосно надвор од телото на мајката. Според Лам, овој пристап би можел да се примени не само на изумрени видови, туку и на зачувување на загрозените современи животни.
Џиновските моа – птици високи 3,6 метри и тешки 250 килограми – може да бидат враќани во живот со помош на најновите технологии
Џиновските моа достигнувале висина до 3,6 метри и тежеле до 250 килограми, со што биле едни од најголемите птици во историјата. Тие изумреле главно поради лов и промени во животната средина по доаѓањето на човекот во Нов Зеланд. Современите технологии како што се вештачката инкубација и гeнската инженерика отвораат целосно нови можности за проучување, но и за потенцијално враќање на вакви видови, нешто што до вчера звучеше како научна фантастика.