Шокантен документарец со сведоштва од 34 ветерани открива дека САД 80 години кријат технологија создадена од вонземјани
Нов експлозивен документарен филм открива тврдења за паднати вселенски бродови и извлечени тела кои не се од оваа планета. Филмот „Ерата на откривање“, кој денеска ја имаше својата премиера на Amazon Prime, носи сведочења за „технологија создадена со нeчовечки живот“. Директорот ден Фарах разговарал со 34 воено-државни ветерани кои за прв пат јавно сведочат за присуство на неидентификувани летечки објекти и дури тврдат дека се пронајдени и тела на вонземјани – пред да посочат и дека постои долгорочно прикривање од владата.
In This Article:
Ден Фарах тврди дека има најобемно досие за технологија од нeчовечко потекло
Иако критичарите го обвинуваат филмот дека нема докази за своите тврдења, Фарах тврди: „Мислам дека се соочуваме со технологија создадена од нечовечки живот, без разлика дали е вонземски или отсекогаш е тука или дошол на некој друг начин. Луѓето во мојот филм сведочат за извлечени бродови кои имале нечовечки тела во нив – некои разумни суштества кои не се луѓе." „Повеќемина во филмот зборуваат за пронајдени различни видови тела, што имплицира дека има повеќе видови суштества – нема причина да мислиме дека се работи само за еден вид живот, поверојатно е дека универзумот е полн со живот, а ние дури сега го согледуваме тоа."
80 години тајност: САД води скриена трка за обратно инженерство на вонземска технологија
Фарах продолжува: „34-те државни и воени службеници што ги интервјуирав сите го нарушија молкот за да откријат дека осум децении се прикрива постоењето на не-човечки интелигентен живот. Дополнително тврдат дека САД води тајна трка со конкурентски нации за обратно инженерство на технологија од нечовечко потекло. Секој што го интервјуирав смета дека мораше да го разбие молкот со онолку колку што можеше законски да сподели. Основни вистини ни се скриени 80 години, а огромни даночни средства одат за проекти за кои никој нема увид."
Повик за транспарентност: Граѓаните треба да ја бараат вистина од владата
„Се надевам дека ова ќе стане тема за сериозна национална дебата и дека граѓаните ќе бараат транспарентност, а Претседателот да излезе на подиум и да му каже на светот дека не сме единствени во универзумот и дека сме нашле летала кои не се со човечко потекло." Луис Елизондо, поранешен член на Програмата за напредни аеронаутички закани (AATIP), ја опишува ситуацијата како „најуспешната дезинформациска кампања во историјата на американската влада – 80 години лаги и измама".