Некој кришум закачил слика генерирана од AI во музејот во Велс и тоа помина незабележано од стотици посетители
Уметнички трол успеа да постави принт создаден со вештачка интелигенција на ѕидот на Националниот музеј во Кардиф, а делото стоеше таму со часови пред да биде откриено од посетителите. Оваа смела акција повторно го отвори прашањето: Се менува ли светот на уметноста со доаѓањето на вештачката интелигенција?
In This Article:
- Скриено дело: Елиас Мероу постави свој принт од AI и го претстави како уметничкa слика од 2025 година
- Стотици посетители го разгледале делото пред персоналот да биде алармиран од збунети туристи
- Елиас Мeроу тврди дека акцијата го покажува влијанието на AI и поставува прашања за институционалниот избор на уметност
- Ова не mu е прв ваков подвиг: Мeроу и претходно поставил „нелегални“ дела во институции низ Велика Британија
Скриено дело: Елиас Мероу постави свој принт од AI и го претстави како уметничкa слика од 2025 година
Името на авторот кој стои зад оваа провокација е Елиас Мероу, таинствен уметник веднаш препознатлив по своите неконвенционални акции. Тој без дозвола на музејот го изложил својот дигитален принт, изработен во стил на историска слика масло на платно на која е претставено младо момче во училишна униформа со книга и празна чинија на скутот. Делото било придружено со табличка на која пишувало: „Empty Plate, дигитален принт на хартија, рачно изработена рамка, лимитирано издание, потпишано. На позајмица од уметникот, 2025.“
Стотици посетители го разгледале делото пред персоналот да биде алармиран од збунети туристи
Уметничкото дело, изложено во делот за современа уметност на музејот, било видено од стотици посетители во текот на неколку часа. Еден турист од Ирска изјавил: „На почетокот се прашував зошто толку некавалитетно AI-дело виси тука без да биде означено како такво. Кога се обратиле до персоналот, тие одговориле дека немаат претстава кога и како се појавило делото.“ По пријава, предметот е веднаш отстранет од страна на музејот. Портпарол потврди: „Беше поставен предмет без дозвола на ѕидот на галеријата. Откако бевме алармирани, веднаш го отстранивме.“
Елиас Мeроу тврди дека акцијата го покажува влијанието на AI и поставува прашања за институционалниот избор на уметност
Мeроу се изјасни дека експериментот бил успешен, бидејќи гостите позитивно реагирале и се фотографирале со делото. Тој изјави дека неговата цел е да покаже како јавните институции одлучуваат што е вредно да се изложи, и што се случува кога нешто „од надвор“ ќе влезе во системот. Неговата порака: „AI е природна еволуција на уметничките алатки. AI е тука да остане; спречувањето на нејзината употреба се коси со моите верувања околу уметноста.“
Ова не mu е прв ваков подвиг: Мeроу и претходно поставил „нелегални“ дела во институции низ Велика Британија
Во јули оваа година, Елиас Мeроу поставил и „несанкционирани“ творби во два други музеја во Обединетото Кралство – вклучувајќи насликана тула во халаата на Tate Modern во Лондон и табличка во Музејот и галеријата на уметности во Бристол. Тој посочува дека неговата работа не е за нарушување, туку за „учество без дозвола“.