No Image x 0.00 + POST No Image

Инфлуенсерка загуби 140.000 следбеници кога ѝ сецна филтерот и ѝ го откри вистинското лице во живо

SHARE
12

Кинеска инфлуенсерка за убавина остана без огромен број следбеници откако нејзиниот популарен филтер ненадејно исчезна за време на директен пренос, и на сите им го откри вистинското лице. Видеото експлодира на социјалните мрежи, а корисниците шокирани го споделуваа и коментираа настанот.

Инфлуенсерка загуби 140.000 следбеници кога ѝ сецна филтерот и ѝ го откри вистинското лице во живо

Филтерот одеднаш исчезна, откривајќи потемна и позрела лика пред илјадници гледачи

Иако на почетокот беше зад совршено избелен и изменет лик со филтер, со само еден ненадеен потег, технологијата ја изневери и нејзиното вистинско лице беше прикажано во живо. Наместо идеализираниот изглед, публиката ја виде нејзината потемна кожа и позрело лице, додека очајнички се обидуваше да го прекине преносот.

Филтерот одеднаш исчезна, откривајќи потемна и позрела лика пред илјадници гледачи

Инцидентот доведе до масовна загуба од 140.000 следбеници за само неколку минути

Инфлуенсерката наводно изгубила околу 140.000 следбеници по техничката грешка, откако сите веќе ја виделе без филтер. Овој несекојдневен момент предизвика дебата за онлајн-стандарди за убавина, искреност и лажен изглед на социјалните мрежи.

Инцидентот доведе до масовна загуба од 140.000 следбеници за само неколку минути

Фановите ја бранеа: „Таа е поубава без филтер!“, „140.000 површни луѓе“

Иако многумина ја напуштија инфлуенсерката, голем дел од корисниците на интернет ја поддржаа: „Не изгледа воопшто лошо. Многу ми е жал што се чувствува несигурно. Кој ги сака тие 140.000 површни луѓе“, напиша еден корисник. Други додаваа: „Таа е поубава без филтер!“ и „Без филтер е буквално преубава.“

Фановите ја бранеа: „Таа е поубава без филтер!“, „140.000 површни луѓе“

Расте гневот против филтрите: Стандардите за убавина се на удар на јавноста

Бјути филтрите сè повеќе предизвикуваат расправија, а огромен број луѓе бараат целосна забрана на овие апликации. Уште лани цел интернет се вознемири поради TikTok трендот со „AI chubby filter“ од апликацијата CapCut, кој покажува како би изгледале луѓе со поголема тежина. Многумина негодуваат што ваквите филтри поттикнуваат срам за телото и враќање на нереалните стандарди за изглед.

Расте гневот против филтрите: Стандардите за убавина се на удар на јавноста

Трендот на „AI филтер за дебелина“ ги навреди многумина и ја отвори темата за дискриминацијата според изглед

Филтерот „AI chubby filter“, генериран од CapCut со вештачка интелигенција, го прикажува корисникот со значително покрупна фигура. Некои го користат тоа за мотивација да вежбаат, а други се згрозени од начинот на исмејување и срамење на луѓето со поголеми тела. Многу експерти предупредија дека овие трендови само ја поттикнуваат новата опсесија со екстремна слабост и создаваат притисок кон нереални идеали.

Трендот на „AI филтер за дебелина“ ги навреди многумина и ја отвори темата за дискриминацијата според изглед

-->