Живот под земја: Жената која избра да живее бункер во наместо да плаќа висока кирија – заштедувајќи 1.500 долари месечно
Кејтлин Џонсон има 44 години и живее во подземен бункер од 120 квадратни метри во дворот на пријателка во Бејкерсфилд, Калифорнија. Таа плаќа само 500 долари месечно за овој необичен дом, со што заштедува дури 1.500 долари месечно на огромната кирија која е секојдневие во Калифорнија.
In This Article:
Бункер наместо стан: 120 квадрати, 18 кревети и приватност за малку пари
Бункерот има мастер-спална соба со купатило, целосно опремена кујна, дневна соба, уште 18 кревети, дополнително купатило, уште два тоалети и уште еден туш. Кејтлин прифатила да се всели таму и да се грижи за бункерот и дворот за само 500 долари месечно.
Живеењето во бункер: помалку светлина, повеќе мир и приватност
Влезот во бункерот е преку хидраулична врата, а потоа следуваат 15 скали до уште една врата. „Внатре е исклучително тивко, а имам мобилен сигнал и интернет. Во основа, се чувствувам како во секој друг стан," објаснува Кејтлин. Недостигот на природна светлина не ѝ пречи – дури ѝ помага подобро да спие, а во спалната соба инсталирала вештачко сонце.
Безбедност и мир: бункерот како скривалиште од светскиот хаос, но не и траен дом
Кејтлин вели дека не го гледа бункерот како своја трајна куќа, но чувството на безбедност има своја вредност. „Ако има апокалипса или војна, безбедна сум. Секогаш сум се шегувала дека би се спасила од зомби-апокалипса, и сѐ повеќе изгледа како да е тоа можно.“ Сепак, за сега ужива во тишината, заштедата и личниот мир кои не може да ги најде во ниту еден друг стан во градските џунгли.