No Image x 0.00 + POST No Image

Жителите на Британија се исплашија од „нуклеарна војна“ кога милиони телефони полудеа во исто време

SHARE
25

Милиони луѓе во Англија и Велс во петокот вечерта го доживеаја шокот на денот кога на нивните мобилни телефони истовремено се појави гласно предупредување од владата. Пораката почна да пристигнува на мобилните уреди од 19 часот, а кај многумина предизвика целосна збунетост. Дел од луѓето во првиот момент помислиле дека алармот значи почеток на нуклеарна војна.

Жителите на Британија се исплашија од „нуклеарна војна“ кога милиони телефони полудеа во исто време

Во пораката стоеше да не се палат скари, логорски огнови и огномети

Итното предупредување беше испратено до корисниците на мобилни телефони во Англија и Велс, со јасна порака да не палат ништо што може да предизвика пожар. Луѓето беа предупредени да не користат скари, логорски огнови и огномети, а примателите беа повикани веднаш да пријават пожари на 999. Предупредувањето доаѓа по избувнувањето на неколку големи пожари, меѓу кои и шумски пожар во Стурбриџ, каде што 19 домови беа целосно уништени.

Во пораката стоеше да не се палат скари, логорски огнови и огномети

Енди Барнам рече дека барањето дошло директно од пожарникарите и спасувачите

Премиерот Енди Барнам ги повика луѓето „сериозно да го сфатат итното предупредување“, додавајки: „Наш приоритет сега е сите да бидат безбедни и да спречиме да почнат уште пожари.“ Тој рече: „Вечерва, Итно предупредување беше испратено до луѓето низ Англија и Велс бидејки ризикот од шумски пожари останува многу висок. Барањето дојде директно од Службите за пожарна и спасување. „Денес бев во Стурбриџ и од прва рака го видов разорниот ефект што овие пожари го имаа врз домовите и животите на луѓето. Наш приоритет сега е сите да бидат безбедни и да спречиме да почнат уште пожари. „Во овој период на екстремна жештина, барам од сите да бидат особено внимателни. Ве молам, не палете никакви огнови во градини, во природа или на други отворени простори, вклучувајки паркови, ридски предели со ниска вегетација и шумски области. „Нашите пожарникари и екипите за итна помош работат деноноќно во невероjатно тешки услови. Сите можеме да им помогнеме. Ве молам, сфатете го сериозно Итното предупредување и следете ги важечките насоки.“

Енди Барнам рече дека барањето дошло директно од пожарникарите и спасувачите

„15.000 телефони“ на стадионот Овал заѕвониле како да почнува нуклеарна војна

Реакцијата на социјалните мрежи беше брза и бурна. Корисниците пишуваа дека ја исплукале вечерата и дека во еден миг помислиле оти светот завршува. Еден духовит корисник напиша: „Даjте ни најава следниот пат! Околу 5 секунди сите мислевме дека Путин отишол и го притиснал црвеното копче.“ Друг додаде: „Можеше да ни дадеш предупредување, Енди. Речиси се усрав.“ Ник Милер, кој во тој момент се наоѓал на стадионот „Овал“ во Лондон, напиша на X: „Можам да потврдам дека звукот од 15.000 телефони кои истовремено го добија владиното предупредување навистина делуваше како да започнува нуклеарна војна.“ Еден навивач на Евертон се пошегува: „Мислев дека сме потпишале десен бек!“ Но, не сите беа воодушевени. Новинарката Ејми Фентон остро реагираше: „Овие работи се наменети за широко распространета закана по животот… се што направивте со испраќањето на тоа предупредување е што ставивте многу животи во ризик на М61, правејки сите да паничат и да мислат дека светот ќе заврши. Срамота.“ Таа додаде: „Мора да го стишите телефонот кога се случуваат овие предупредувања… па луѓето што возеа вртеа на сите страни. Еден кутар стар човек беше застанал на лентата за итни случаи близу Чорли! Сите нагло кочеа. Една жена помина преку три ленти.“

„15.000 телефони“ на стадионот Овал заѕвониле како да почнува нуклеарна војна

-->