Мексиканските нарко картели почнаа да вработуваат жени како платени убијци, затоа што биле посвирепи и понемилосрдни од мажите
Мексиканските нарко картели се повеќе вработуваат жени – но, не обични криминалки, туку поужасни и од мажите, за бескрупулозно уништување на ривалите и преземање на контролата врз трговијата со дрога. Шокантни сведоштва откриваат како некои од најпознатите женски убјци го трансформирале лицето на организираниот криминал и за што се се способни во нивната борба за моќ.
In This Article:
Јуана "Ла Пеке": Од сиромаштија до најстрашните злосторства на Лос Зетас
Јуана Н, позната како Ла Пеке, е една од најпознатите женски извршители во картелот Лос Зетас. Родена во државата Идалго, останала самохрана мајка на 15 години и поради тешката економска состојба била принудена да започне со проституција. Оваа сурова реалност ја довела до светот на организираниот криминал, каде што прво работела како информатор за Лос Зетас. Се тврди дека Ла Пеке учествувала во брутални убиства, обезглавувања и мачења додека била дел од картелот. Во интервју од затворска ќелија, таа тврди дека се бањала во крв на жртви, пиела крв додека сè уште била топла и имала сексуални односи со мртви тела. Во моментов ја чека пресуда за нејзините монструозни злосторства.
Клаудија Оча Феликс: "Ким Кардашијан на организираниот криминал" го водеше смртоносниот одред Лос Антракс
Клаудија Оча Феликс, наречена „Ким Кардашијан на организираниот криминал“, беше поврзана со озлогласениот Синалоа картел и наводно ја предводеше групата Лос Антракс. Таа јавно се фалеше на социјалните мрежи со розови автоматски пушки АК-47, скапи автомобили и купишта пари. По апсењето на нејзиниот сопруг Хосе Гамбоа, кој бил лидер на Лос Антракс, таа ја презема командата со одредот за убиства. Членовите на групата носат прстени со дијаманти во форма на черепи и се познати по невидена суровост. Во 2011 година, групата се судри со мексиканската војска во Кулиакан, при што пронајдени беа три киднапирани жртви – едниот со отсечени прсти и уши. По убиството на поранешниот шеф Франциско Арсе Рубио, следуваше низа од 20 убиства во државата Синалоа. Три тела беа најдени обесени на мост, едната жртва беше тешко мачена и со огромна рана на стомакот, додека останатите две биле ставени во замрзнувач. Во 2019 година, Клаудија беше пронајдена задавена во нејзиниот дом во Кулиакан, по конзумација на алкохол и други супстанци. Нејзината смрт остана обвиена во мистерија – дали е од предозирање или одмазда на картелот.
Марија Гвадалупе Лопез Ескивел „Ла Катринa“: Тинејџерка од хедонизам до командир на најжестоките извршители на CJNG
Марија Гвадалупе Лопез Ескивел, позната како Ла Катринa, беше една од најозогласените и постравувачки женски извршители на Картелот на Новата генерација од Јалиско (CJNG). Таа раководеше тим од платени убијци, организираше заседи против ривалски банди и напади врз полицијата. Во 2019 година, нејзината група масакрираше 13 полициски службеници во државата Мичоакан, оставајќи постери со иницијалите на картелот. Ла Катринa често се фалеше на социјалните мрежи со дизајнерска облека, луксузни автомобили и златни оружја, позираше со вооружени телохранители. Нејзината владеење заврши 2020 година, кога беше смртно ранета во престрелка со федерални и државни сили кај Мексико Сити. Во видео снимено на бодикам од војник, се слуша како тој ја теши: „Смири се, девојче. Хеликоптерот веќе доаѓа, ќе бидеш добро. Издржи“. Сепак, таа почина во хеликоптерот пред да пристигне во воена болница.