Жена од Калифорнија победи на суд благодарение на ChatGPT: Вештачка интелигенција ја спаси од иселување и илјадници долари казни
Лин Вајт од Калифорнија ја шокираше јавноста – таа се одбрани на суд и ги победи своите тужители користејќи ChatGPT како свој адвокат. Без адвокат, со закана од иселување и илјадници долари долг, таа успеа таму каде што дури и правната заедница не веруваше дека е можно.
In This Article:
- Соочена со иселување и изгубен судски процес, Лин Вајт одлучи да се брани сама со помош на ChatGPT и Perplexity
- ChatGPT ѝ покажал грешки во судската постапка и напишал убедливи одговори што пресудија во нејзина корист
- Не е единствен случај: Се повеќе граѓани сами се бранат со вештачка интелигенција и победуваат на суд
- Опасности и последици: Вештачката интелигенција понекогаш дава лажни информации и доведува до сериозни казни за граѓаните и правниците
- Секојдневно сè повеќе луѓе без пари за адвокат се бранат сами
Соочена со иселување и изгубен судски процес, Лин Вајт одлучи да се брани сама со помош на ChatGPT и Perplexity
Лин Вајт заостануваше со плаќањата на киријата и изгуби судење пред порота поради еден судски процес за иселување. Наместо да продолжи со локалната мрежа за заштита на станари, таа одлучи сама да ја брани својата позиција, советувајќи се со ChatGPT и Perplexity за правни совети и подготвување на судски одговори – нешто што речиси никој не препорачува.
ChatGPT ѝ покажал грешки во судската постапка и напишал убедливи одговори што пресудија во нејзина корист
AI алатката откри процедурни грешки во водењето на процесот од страна на судијата и даде јасни насоки кои чекори да ги преземе. Лин објаснува: „Не можам доволно да опишам колку AI ми помогна. Никогаш, никогаш, никогаш немаше да ја добијам оваа жалба без вештачка интелигенција.“
Не е единствен случај: Се повеќе граѓани сами се бранат со вештачка интелигенција и победуваат на суд
NBC донесе и други примери – како Стејси Денет од Њу Мексико што извојува спогодба за долг, исто така со помош на ChatGPT. Таа му наредувала на ботот да јада ја разгледа и поправи нејзината аргументација додека не стане совршена.
Опасности и последици: Вештачката интелигенција понекогаш дава лажни информации и доведува до сериозни казни за граѓаните и правниците
Не секој има среќа – адвокатот Џек Овок беше казнет со задолжителна работа затоа што доставил правни документи со измислени цитати генерирани од AI. Се повеќе адвокати добиваат казни и срам заради вакви грешки. Еден адвокат од Њујорк бил фатен не само со AI- пополнувани поднесоци, туку и со AI-генерирано објаснување за својата грешка. Во Калифорнија минатото лето адвокат беше казнет без преседан со 10.000 долари за лажни цитати од судски одлуки.
Секојдневно сè повеќе луѓе без пари за адвокат се бранат сами
Адвокатите сведочат за драстичен пораст на случаите каде луѓе без адвокат се бранат со помош на вештачка интелигенција, и покрај тоа што компании како Гугл и xAI на Илон Маск експлицитно предупредуваат да не се користат за правни прашања со голем влог. Опасноста останува – AI без контрола и понатаму дава совети, а многумина, лишени од други опции, се охрабруваат да го следат неговиот пат, со сите ризици што го носи тоа. Адвокат Роберт Фројнд резимира: „Можам да разберам зошто обичен човек без средства би се потпрел на ваква алатка. Но не можам да ги разберам адвокатите што го забораваат основниот етички долг и користат лажни аргументи.“