Жена од Америка подготвена за апокалипса: Храна за цела година, сопствена градина и стекови што траат со години
Кристал Фругал, 37-годишна Американка која себеси се нарекува „кралица на Судниот ден“, во својот дом чува храна доволна да издржи нејзиното петчлено семејство цела година во случај на катастрофа. Нејзината мисија за преживување започнала додека имала само четири години.
In This Article:
Годишно собира 360 килограми овошје и зеленчук, конзервира и складира месо и пијалаци за цела година
Кристал посветено одгледува и конзервира околу 360 килограми свежи компири, домати, пиперки, грав, праски, јаболка и тикви за нејзиното семејство, кое се состои од сопругот (41) и трите деца (13, 12 и 8 години). Нивната оставата е секогаш полна со сублимирана храна: рибај стекови, макарони со сирење, пилешки нугетси и тиквен колач – сето тоа може да трае до 25 години. „Сублимирани“ значи лиофилизирани или freeze-dried – тоа е процес на сушење на храната преку замрзнување и потоа извлекување на водата со вакуум.
Од мала ја учеле да се подготвува за катастрофи
Кристал вели: „Ние мораме да бидеме подготвени за неизвесност. Ако се вратиме четири години наназад, имаше пресечени синџири на набавка, инфлацијата вртоглаво се зголемуваше. Не се исплашивме од празните рафтови и високите цени. Имавме сè што ни беше потребно“. Од малечка ја учеле нејзините покојни баба и дедо – Адел и Клајд – да сади и одгледува овошје и зеленчук, а веќе повеќе од 30 години конзервира и речиси се нема расипано.
Семејството троши 600 долари месечно на други производи, имаат и животни, а секогаш купуваат повеќе кога има попусти
Кристал купува месо од локални фармери и месечно троши околу 600 долари на сè она што не може сама да го одгледа во својот имот. Во домашната градина има домати, моркови, зеленила, грашок, артичоки, тикви, грозје, а гојат и крава и свиња. „Кога ќе видам попуст на макарони – една кутија купувам за сега, уште две за иднина.“ Така и ги гради залихите.
Совети за преживување
Кристал споделува: „Најбезбедно е дома. Задолжително држете залиха од најмалку две недели и постепено зголемувајте ја. Подготвив сублимирана храна за цела година, но мојата цел е пет години.“ Семејството чува и комплети за прва помош, топла облека, опрема за оган, соларни генератори, опрема за преживување и секако – огромна оставата со храна. „Тоа е нашето осигурување. Се надеваме на најдоброто, но сме подготвени за секакво сценарио.“