No Image x 0.00 + POST No Image

Жена која двапати преживеа рак почина откако маж ѝ криел морничава тајна од неа

SHARE
9

Кога Денис Броуди првпат ја победи болеста, целото семејство славеше. Исто и кога во 2019 ракот се врати и се прошири во белите дробови – но таа повторно извојува победа. Сепак, третпат кога се разболе, докторите открија нешто многу пострашно. Тест направен од болницата открил дека Денис всушност немала рак – таа имала ХИВ, кој веќе прераснал во сида. Почина само два дена подоцна, оставајќи го семејството скршено и преплавено со прашања.

Жена која двапати преживеа рак почина откако маж ѝ криел морничава тајна од неа

Наместо рак – сида

Денис Броуди, 65-годишна мајка и баба, верувала дека повторно ѝ се вратил ракот – но докторите брзо сфатиле дека вистинскиот виновник за нејзината слабост бил напреднат стадиум на ХИВ. Иако двапати претходно ја победила болеста, овој пат имунолошкиот систем ѝ бил толку ослабен што починала од пневмонија и респираторна слабост – последици од сида. Семејството било во шок – особено кога откриле дека нејзиниот сопруг криел многу повеќе од што мислеле.

Наместо рак – сида

Сопругот знаел за ХИВ уште пред бракот

Кливленд Броуди, нејзин сопруг со кој била во брак 8 години, прво тврдеше дека нема ХИВ и дека не можел да ѝ го пренесе. Но семејството на Денис открило шишиња со лекови за ХИВ во неговата ноќна масичка – некои дури со отстранети етикети. Обвинителите велат дека тој знаел дека има ХИВ уште од 2006 година – осум години пред да се ожени со Денис во 2014. И покрај тоа, никогаш не ѝ кажал. Иако наводно користел кондоми и по бракот – нешто што ја натерало Денис да се посомнева дека ја изневерува – никогаш не ја предупредил дека може да биде заразена.

Сопругот знаел за ХИВ уште пред бракот

Обвинет за убиство

Кливленд прво беше обвинет за несовесно однесување во 2023, но сега обвинението е унапредено во убиство со умисла и убиство при извршување на кривично дело. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува доживотна казна затвор без можност за помилување или смртна казна. Според законите во Џорџија, како и во многу други сојузни држави во САД, луѓето со ХИВ се законски обврзани да го откријат својот статус пред да имаат сексуални односи. Несоопштување на статусот се смета за кривично дело – без разлика дали болеста е пренесена или не.

Обвинет за убиство

Смрт, наследство и нова девојка

По смртта на Денис на 2 април 2022, нејзината куќа преминала на Броуди, кој, според нејзиното семејство, потоа ја префрлил на својата нова девојка за да ја продаде. Истото семејство тврди дека тој ги подарил нејзините ташни и накит, а облеката ја однел во добротворна организација. Контактот со нив го одржувал исклучиво преку СМС-пораки, во кои тврдеше дека не ѝ пренел ХИВ. Заклучил врати на куќата веднаш по нејзината смрт, по што семејството насилно влегло по еден месец и го открило скриените лекови. „Таа ќе беше жива денес, само да знаеше на време“, изјави нејзината ќерка Карен.

Смрт, наследство и нова девојка