No Image x 0.00 + POST No Image

„Заработуваме 272.000 евра годишно, но во рестораните пиеме само обична вода од чешма“

SHARE
0

Брет и Иви Клеј, на возраст од 33 и 32 години, живеат во Телфорд, Шропшир, со две деца на возраст од две и пет години. Иако нивните приходи заедно достигнуваат 239.000 фунти годишно, семејството ги покрива секојдневните трошоци само од докторската плата на Иви, која изнесува 4.500 фунти месечно. Причината е однапред поставен план: децата да бидат испратени во приватно училиште кога ќе наполнат 14 години. Брет, кој работи како креатор на финансиски содржини, заработува меѓу 2.000 и 10.000 фунти месечно и целиот свој приход го префрла директно на инвестициска сметка. Нивната стратегија ја нарекуваат „свесно трошење“: немаат претплати, освен една, а кога јадат надвор, не плаќаат за пијалаци.

„Заработуваме 272.000 евра годишно, но во рестораните пиеме само обична вода од чешма“

600.000 фунти веќе стојат во фондови за школување и факултет

Семејството моментално поседува 600.000 фунти во инвестициски фондови. Тие пари се наменети за приватното образование на двете деца, но и за финансиска поддршка за време на универзитетските студии. Брет, кој објавува совети за лични финансии на профилот @bretandevey, објаснува: „Без активно инвестирање и планирање однапред, сметам дека нашата заработка не би била доволна за да испратиме две деца во приватно училиште. Трошоците за приватните училишта постојано растат и се очекува да достигнат и до 40.000 фунти годишно по дете кога нашите деца ќе стигнат до таа возраст, а тука е и дополнителниот ДДВ. Избравме да ги запишеме кога ќе наполнат 14 години, за да изградиме поголем фонд и да бидеме сигурни дека ќе имаме доволно пари да им помогнеме и на факултет.“ По завршувањето на факултетот, Брет и Иви се вселиле кај семејството во Лондон. Тоа им овозможило да живеат само од платата на Иви, која во тој период изнесувала 50.000 фунти годишно, додека целиот приход на Брет го насочувале кон инвестиции. „Почнавме да инвестираме откако сфативме колку бевме финансиски неписмени“, вели Брет. „Нашата цел во тој момент беше да осигуриме дека инфлацијата нема да ја изеде вредноста на нашите заштеди.“

600.000 фунти веќе стојат во фондови за школување и факултет

До 14 години ќе чекаат, затоа што основното приватно училиште „не се исплати“

Кога ги добиле децата, почнале да уплаќаат по 250 фунти месечно на посебни јуниорски инвестициски сметки за акции. Но бидејќи децата немаат пристап до тие средства сè додека не наполнат 18 години, родителите одлучиле школувањето да го финансираат преку своите лични инвестиции. Во нивниот регион, приватното образование моментално чини околу 25.000 фунти годишно. Тие пресметуваат дека до моментот кога нивните деца ќе пораснат, сумата може да се искачи до 40.000 фунти годишно. Разгледувале и приватно основно училиште, но решиле да почекаат до 14-годишна возраст, за најважните образовни години да бидат во приватна средина без семејниот буџет да биде целосно испразнет. „Јас посетував приватно училиште од 14 години и тоа одлично ми се покажа“, вели Брет. „Едноставно сметаме дека за помлада возраст трошокот не се исплати.“ Иви додава: „Сакаме да постигнеме рамнотежа помеѓу штедењето за приватно училиште и поседувањето доволно средства за да им помогнеме кога навистина ќе им треба, на пример кога ќе тргнат на факултет или ќе им биде потребно учество за купување стан.“ Ако нивните приходи во иднина дополнително се зголемат, би размислиле за запишување на децата во приватно училиште и на помала возраст.

До 14 години ќе чекаат, затоа што основното приватно училиште „не се исплати“

Trading 212, Vanguard, 40.000 фунти за итни случаи и една кола 10 години

Секој месец платата на Иви од 4.500 фунти, односно 89.000 фунти годишно бруто, оди за станбениот кредит, комуналиите и основните трошоци. Заработката од креирање содржини, која оваа година се проценува на 150.000 фунти, се вложува во инвестициски фондови преку платформите Trading 212 и Vanguard. „Го правиме ова на ваков начин бидејќи платата на Иви е стабилна, додека моите приходи варираат секој месец“, објаснува Брет. Нивното портфолио моментално изнесува 600.000 фунти, од кои 200.000 фунти се чист принос. Според нивните пресметки, ќе надминат еден милион фунти инвестиран капитал додека децата да стигнат за средно училиште. Тоа треба да им овозможи да го покријат школувањето и сепак да им останат средства за понатамошна поддршка. Покрај ова, чуваат фонд за итни случаи од 40.000 фунти. На секои три месеци ја менуваат банката за да ја искористат највисоката можна каматна стапка, а нивната заштеда моментално е на штедна сметка со камата од 3,8 проценти. Тие избегнуваат брендирана облека и непотребни материјални работи. Во ресторани нарачуваат само обична вода од чешма, бидејќи плаќањето скапи пијалаци го сметаат за непотребен трошок. Никогаш не нарачуваат достава на храна, не плаќаат претплати освен за Нетфликс, а истиот автомобил го возат веќе цели 10 години. „Ни стана навика да заштедиме колку што можеме повеќе, наместо да трошиме залудно“, заклучува Брет. „За родендени или специјални прилики не купуваме скапи подароци, туку си подаруваме нешто скромно и значајно. Намирниците за домаќинството и месото ги купуваме на големо од продавници како Costco, а омилениот сладолед Häagen-Dazs го купуваме единствено кога е на попуст.“

Trading 212, Vanguard, 40.000 фунти за итни случаи и една кола 10 години

-->