Започна едно од најгрозоморните судења во Холивуд: Пи Диди е обвинет за трговија со луѓе, принуда и насилство
Во САД започна еден од најпознатите судски процеси во музичката историја, каде што раперот Шон „Диди" Комбс е обвинет за трговија со луѓе, криминално здружување и принудување на проституција. Комбс (55) се наоѓа пред федералниот суд во Њујорк откако беше уапсен кон крајот на 2024 година, а бројни познати личности веќе јавно зборуваа за неговите озлогласени „freak off“ забави.
Принуда и криминал
На 12 мај, обвинителката Емили Џонсон го опиша Комбс како „икона во јавноста“, но истовремено и како човек што водел „криминално здружение“ со вработени кои му помагале да извршува и прикрива злосторства. Таа изјави дека Комбс извршувал сексуални злосторства, поткуп, опструкција – повторувани со години. Обвинението не се однесува на „приватни сексуални преференции“, туку на „принуда и криминал“. Како клучен пример, беше спомната неговата поранешна девојка Кеси (Касандра Вентура), која била жртва на физичко и психолошко насилство, а според обвинителството, Комбс ја присилувал да учествува во секс-забави. Кога таа се обидувала да го напушти, тој ѝ се заканувал дека ќе објави интимни снимки и дека нејзиниот живот зависи од неговата добрина.
Судењето продолжува...
Обвинителката истакна: „Се нарекуваше крал и очекуваше да биде третиран како таков.“ Тој, наводно, користел дрога, закани и насилство за да ги контролира жените и редовно организирал „freak off“ забави низ САД и во странство. Судењето продолжува, а сведоштвата за Комбс се очекува да бидат шокантни.