No Image x 0.00 + POST No Image

Зачудувачки вкусно „хармоника“ пилешко со сирење – Лесна подготовка за гурманско доживување кое изгледа како од ресторан

SHARE
20

Свеж, иновативен поглед на подготовка на пилешко кое ве освојува уште на прво вкусување. Хармоника пилешко зпечено со сирење е идеален избор за сите што сакаат нешто поразлично, направено од брзо достапни и едноставни состојки. Совршено се комбинира со крцкав печен компир и претставува пријатен гурмански ручек погоден и за свечени моменти.

Зачудувачки вкусно „хармоника“ пилешко со сирење – Лесна подготовка за гурманско доживување кое изгледа како од ресторан

Сите состојки што ви се потребни за хармоника пилешко со сирење

За вкусно хармоника пилешко потребни се: – Слатка пиперка – Оригано – Лук во прав – Босилек – Сол – Бибер – 1 лажица соја сос – 2 лажици маслиново масло – 500 грама пилешко месо – 1 главица кромид – 1-2 домати – 1 пиперка – 100 грама сирење – Копар за декорација

Сите состојки што ви се потребни за хармоника пилешко со сирење

Подготовка чекор по чекор – Како да направите совршено запечено хармоника пилешко

Во сад измешајте соја сос, маслиново масло и сите суви зачини. Со оваа смеса прво премачкајте го дното на садот за печење, а потоа со четка нанесете од смесата во процепите на пилешкото што сте го засекле во форма на хармоника. Кромидот, доматот и пиперката исечете ги на мали парчиња па наполнете ги сите отвори на пилешкото со оваа комбинација. Печете 30 минути на 200°C. По истекот на времето ставете рендано сирење врз пилешкото и вратете го во рерна уште 5 минути на истата температура.

Подготовка чекор по чекор – Како да направите совршено запечено хармоника пилешко

-->