No Image x 0.00 + POST No Image

Има надеж за Македонија: Еве како Сингапур за само ЕДНО ПОКОЛЕНИЕ стана симбол за војна против корупцијата и најбогата држава

SHARE
25

Сингапур некогаш беше една од најсиромашните држави во светот каде корупцијата беше секојдневие. Но, за неверојатно кратко време, државата успеа целосно да го искорени овој порок и тоа стана основа за економски просперитет и глобална доверба.

Има надеж за Македонија: Еве како Сингапур за само ЕДНО ПОКОЛЕНИЕ стана симбол за војна против корупцијата и најбогата држава

Ли Куан Ју: Лидер со нула толеранција кон корупцијата

Премиерот Ли Куан Ју е познат по својот остар став против корупцијата. Со неговото раководење, Сингапур ги воведе најстрогите можни мерки за да ја искорени: од огромни парични казни до долгогодишни затворски казни дури и за најмалите престапи.

Ли Куан Ју: Лидер со нула толеранција кон корупцијата

Никој не е недопирлив: Државни функционери и министри под истрага

Казните за корупција во Сингапур станаа десет пати построги за време на владеењето на Ли Куан Ју. Истражувањата не заобиколија никого - дури ни високите функционери и министри. Се праќаше јасна порака: законот е еднаков за сите, без исклучок.

Никој не е недопирлив: Државни функционери и министри под истрага

Потекло на имот и превенција: Високи плати, помалку корупција

Во Сингапур, доколку службеник има нејасно потекло на имот или луксуз, мора да го докаже, инаку директно се смета за корумпиран. Дополнително, се воведоа високи плати за владините службеници, а се намали административниот апарат, лиценциите и даноците – сето тоа за да се минимизира можноста за корупција.

Потекло на имот и превенција: Високи плати, помалку корупција

Независни органи и резултат: Сингапур е сега една од најмалку корумпираните држави во светот

Сингапур основа независни тела за борба против корупција и обезбеди непристрасно судство. Денес, Сингапур редовно се наоѓа меѓу десетте држави со најнизок индекс на корупција во светот, рамо до рамо со Швајцарија. Сингапур им покажа на сите дека системска промена е можно ако има силна волја и јасна стратегија.

Независни органи и резултат: Сингапур е сега една од најмалку корумпираните држави во светот