No Image x 0.00 + POST No Image

Позитив на денот: Во болницата во Кочани за два дена родени седум бебиња

SHARE
25

Кочани добива ретко убава и позитивна вест од Гинеколошко-акушерското одделение на кочанската Општа болница. Во изминатите два дена, на одделението по природен пат се породиле седум мајки, а на свет дошле седум бебиња.

Позитив на денот: Во болницата во Кочани за два дена родени седум бебиња

Катерина Паниќ Мирчовска ја пренесе веста од одделението

Од Општата болница велат дека се надеваат оти позитивниот тренд ќе продолжи и во периодот што следи, со што ќе има се повеќе породувања во Кочани. „Ова е една позитивна вест. Во последните два дена имавме седум породувања по природен пат – четири машки и три женски бебиња. Се надеваме дека ваквиот тренд ќе продолжи и понатаму и дека ќе има што повеќе породувања“, вели директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ Мирчовска.

Катерина Паниќ Мирчовска ја пренесе веста од одделението

Тројца гинеколози се новата поддршка за идните мајки

Дополнително, значаен чекор за унапредување на здравствените услуги е и фактот што од оваа година во болницата работат тројца специјалисти по гинекологија и акушерство. Тоа претставува важна поддршка за идните мајки и за развојот на Гинеколошко-акушерското одделение.

Тројца гинеколози се новата поддршка за идните мајки

-->