No Image x 0.00 + POST No Image

Врсничко насилство !

SHARE
1

Врсничко насилство често нарекувано ‘’Булинг’’ или ‘’peer violencе’’ претставува форма на агресивно однесување меѓу лица со слична возраст или социјален статус, најчесто кај децата и адолесцентите во и околу училиштата но и во пошироката социјална средина. Тоа не е изолиран инцидент, туку честопати е повторуван чин со цел намерно да се нанесе штета.

Врсничко насилство !

Главни форми на врсничко насилство :

Насилството може да биде директно или индиректно и ги вклучува следниве категории: - Физичко насилство: Удирање, туркање, напади со оружје или закани со физичка сила. - Вербално насилство: Навредување, исмевање и користење на погрдни имиња. - Психолошко и емоционално насилство: Социјална изолација, ширење гласини, манипулација. - Сајбер насилство (Cyberbullying): Насилство преку интернет и социјални мрежи, кое овозможува постојан пристап до жртвата и пошироката публика. Сајбер насилството може да биде поопасно од другите видови врсничко насилство бидејки насилникот/ниците обично можат да бидат скриени и делуваат постојано што на жртвата и даваат постојан немир и несигурност. - Сексуално насилство и вознемирување: Несакани допири, споделување интимни фотографии без дозвола и принуда на сексуални активности. - Економско насилство: Изнудување пари или принудување на кражба.

Главни форми на врсничко насилство :

Како да се препознаат знаците?

Децата кои се жртви на вакво насилство често покажуваат суптилни промени во однесувањето: - Промени во училиштето: Избегнување да оди на училиште, слаб успех или губење интерес за активности до целосна повлеченост. - Емоционални индикатори: Ниска самодоверба, анксиозност, депресија, чести промени на расположението или повлеченост. - Физички симптоми: Необјаснети модринки, главоболки, нарушен сон (несоница) или губење апетит.

Како да се препознаат знаците?

Превенција и справување :

Експертите и специјализираните установи препорачуваат сеопфатен пристап: - Едукација и отворен разговор: Родителите и наставниците треба да градат однос на доверба и редовно да разговараат со децата за нивните чувства. - Нула толеранција: Училиштата мора да имаат јасни политики против сите форми на насилство и да не го оправдуваат како „детска игра“. - Развој на социјални вештини: Поттикнување на емпатија, ненасилно решавање конфликти и прифатливо социјално однесување. - Пријавување: Насилството мора секогаш да се пријави кај надлежните служби, педагози, психолози, социјални работници, полицијата, Центрите за социјална работа за да се спречи негово повторување. Програми за превентивна работа постојат но нивната долгорочна ефикасност сеуште не е доволно потврдена. Најдобар начин е веднаш да се реагира, да се работи тимски и да не се дозволи да се протолкува како детска игра особено насилството никогаш да не се повтори.

Превенција и справување :

СТОП НА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО !!!

СТОП НА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО !!! СТОП НА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО !!! СТОП НА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО !!!

СТОП  НА  ВРСНИЧКОТО  НАСИЛСТВО  !!!

-->