No Image x 0.00 + POST No Image

Вештачка интелигенција го врати гласот на легендарната Витни Хјустон во живо, 13 години по нејзината смрт

SHARE
20

По 13 години од трагичната смрт на Витни Хјустон, нејзиното семејство и тим од иноватори ја оживуваат нејзината легендарна вокална магија – благодарение на вештачка интелигенција. Најновата оркестарска турнеја, насловена како „Гласот на Витни: Симфониска прослава“, ветува емотивно патување низ нејзините најголеми хитови, со гласот на Витни – издвоен, прочистен и блиску до студиски квалитет.

Вештачка интелигенција го врати гласот на легендарната Витни Хјустон во живо, 13 години по нејзината смрт

AI како нова алатка за музиката

За да ја реализираат оваа уникатна идеја, организаторите користеа „stem separation technology“ преку моќната AI музичка платформа Moises, што овозможува издвојување на вокалите од оригиналните снимки. Со тоа, го добија чистиот, моќен глас на Витни Хјустон, каков што нејзините фанови го паметат. Рос Мајклс од Park Avenue Artists, креаторите позади настанот, вели: „Ова е пример како наследството на музичарите може да се прославува и зачува со помош на AI, со срце и почит“.

AI како нова алатка за музиката

Музичката индустрија е поделена: Дали AI навистина ги почитува уметниците или краде идентитети?

Користењето на вештачка интелигенција за „оживување“ на починати уметници, жестоко ја бранува музичката сцена. Веќе видовме како Дрејк го користи AI за да го врати гласот на Тупак, а Битлси со иста технологија го приредуваат гласот на Џон Ленон. Но, не секој гледа со одобрување – Spotify беше фатен дека без дозвола објавува AI-генерирани песни со гласот на покојниот Блејз Фули. Лани, светски ѕвезди потпишаа отворено писмо за заштита на авторските права и достоинството на уметниците пред налетот на оваа технологија.

Музичката индустрија е поделена: Дали AI навистина ги почитува уметниците или краде идентитети?

Семејството на Витни со целосна поддршка: „Резултатот е вистински подарок за фановите“

Во случајот на Витни Хјустон, клучно е дека фамилијата – конкретно нејзината снаа Пат Хјустон, која е и извршител на нејзиното наследство – целосно го поддржува проектот: „Знаевме дека ова мора да се направи правилно. Moises и Park Avenue Artists ја кренаа идејата на поетско и креативно ниво, какво што самата Витни секогаш бараше. Резултатот е нешто навистина посебно – подарок за старите фанови и моќен вовед за новата генерација која за првпат ќе се сретне со нејзиниот глас“.

Семејството на Витни со целосна поддршка: „Резултатот е вистински подарок за фановите“

Дали е ова иднината на музичките легенди или почеток на нова етичка дилема?

Иако фамилијата на Витни стои зад проектот, останува прашањето: дали е правилно уметник, кој починал пред „AI ерата“, да биде повторно „оживеан“ без можност сам да донесе одлука? Турнејата започнува на 20 септември во Cincinnati Music Hall и ветува дека ќе отвори нови дискусии за правата, достоинството и иднината на креативното изразување во дигиталниот свет.

Дали е ова иднината на музичките легенди или почеток на нова етичка дилема?