No Image x 0.00 + POST No Image

Воскреснување на џиновската птица висока 3,6 метри: Научниците сакаат да ja вратат моата, птица која е исчезната цели 600 години

SHARE
20

Научна сензација ја тресе светската јавност - комбинирајќи ги најнапредните биотехнолошки достигнувања, меѓународен тим најави планови да го „вратат ја живот“ моата, некогашната најголема птица на Земјата, висока дури 3,6 метри и тешка над 225 килограми, истребена од луѓето пред шест века.

Воскреснување на џиновската птица висока 3,6 метри: Научниците сакаат да ja вратат моата, птица која е исчезната цели 600 години

Компанија во соработка со Питер Џексон, сака да ја воскресне моата на Нов Зеланд

Компанијата Colossal Biosciences, позната по обидот да го врати изумрениот страшен волк, најави дека, заедно со светскиот режисер Питер Џексон и истражувачкиот центар Ngāi Tahu, ќе работи на воскреснување на легендарната птица моа, која исчезнала по доселувањето на Маорите во Нов Зеланд. Археологот Кајл Дејвис од Ngāi Tahu вели: „Некои од тие иконични видови се дел од нашата племенска митологија и раскажување. Учеството во научни истражувања, управување со видови и заштита отсекогаш биле важен дел од нашите активности."

Компанија во соработка со Питер Џексон, сака да ја воскресне моата на Нов Зеланд

Воскресението на моата бара невидено сложено генетско инженерство и иновативни технологии

Моата е еволутивно далеку поодалечена од своите најблиски живи роднини – ему и птицата тинами. За разлика од страшниот волк и сивиот волк, кои се разделиле пред околу 5,7 милиони години, заедничкиот предок на моата и тинами живеел пред 58 милиони години, а со емуто пред 65 милиони години. Во меѓувреме, моата развила уникатни особености што е тешко да се реплицираат.

Воскресението на моата бара невидено сложено генетско инженерство и иновативни технологии

Планот: Генетска реконструкција, хибридизација и создавање на сурогат-птица која ќе носи гени на моа

Тимот има намера да ги секвенционира и реконструира геномите на сите девет изумрени видови моа, истовремено анализирајќи ги геномите на нивните современи роднини. Потоа, преку манипулација со клетки-прекурсори на сперматозоиди и јајце-клетки, ќе се создаде „сурогат-птица“ од живи видови која со гентски измени ќе добие обележја на моа.

Планот: Генетска реконструкција, хибридизација и создавање на сурогат-птица која ќе носи гени на моа

Вештачка инкубација и сериозни предизвици: Јајцето на моата е многу поголемо од јајцето на ему– потребни се нови решенија

Научниците сакаат да внесат изменети клетки во ембриони на тинами или ему, со надеж дека тие ќе ги променат гените на ембрионот, па женките ќе носат јајца, а мажјаците – сперма од моа. Како сурогат посоодветна е ему, бидејќи може да порасне до 1,9 метри. Но, јајцето на џиновската моа е премногу големо за ему. „Јајце од џиновска моа од Јужниот Остров не може да се смести во сурогат-ему, па затоа Colossal ќе мора да развие технологија за вештачки инкубатор“, вели Ник Роленс, директор на Лабораторијата за палеогенетика на Универзитетот Отаго. „Истражуваме различни стратегии за вештачка инкубација на јајца, кои ќе имаат примена и за деиекстинкција на моата, но и за зачувување на други птичи видови“, објаснува Бет Шапиро, главен научник на Colossal.

Вештачка инкубација и сериозни предизвици: Јајцето на моата е многу поголемо од јајцето на ему– потребни се нови решенија

Проектот е подложен на жестоки критики – дали „нова моа“ навистина ќе биде моа или мутиран ему?

Критичарите велат дека воскреснатиот страшен волк всушност бил сè уште во суштина сив волк со поголема големина и бело крзно. Ник Роленс предупредува: „Генетското инжинерство на специфични гени кај емуто за да се совпаднат со моата може да има сериозни последици во развојот“. Бет Шапиро вели: „Безбедноста на животните ни е приоритет, детално ги оценуваме здравствените ризици пред да селектираме гентски модификации за финалната листа.“

Проектот е подложен на жестоки критики – дали „нова моа“ навистина ќе биде моа или мутиран ему?

Враќање изгубени видови за идните генерации: Питер Џексон верува дека соновите може да станат стварност

Питер Џексон вели: „Има уште многу наука, но можеме да почнеме да се радуваме на денот кога птици како моата или хуијата (изумрена птица од Нов Зеланд со закривен клун) ќе бидат спасени од темнината на исчезнувањето. Дури и самото патување ќе донесе неверојатни увиди за историјата на оваа земја и ќе го збогати разговорот за тоа каква би можела да биде нашата иднина тука.“

Враќање изгубени видови за идните генерации: Питер Џексон верува дека соновите може да станат стварност

Следната цел: Колосал сака да го воскресне и влакнестот мамут, а веќе е чекор поблиску со „влакнест глушец“

Моата не е единственото животно кое компанијата го таргетира за воскреснување. Colossal веќе работи на враќање на влакнестот мамут, проект што напредуваше со создавање на „влакнест глушец“ – мал хибриден цицач со гени на мамут.

Следната цел: Колосал сака да го воскресне и влакнестот мамут, а веќе е чекор поблиску со „влакнест глушец“

-->