Волците во Канада станаа ловци на ракови користејки човечки стапици – неверојатни сцени фатени од камери
Истражувачи снимија уникатни снимки од див лов на волци во Британска Колумбија, кои користат стапици поставени од луѓето. Веста ја пренесува Yahoo!News.
In This Article:
Научниците истражуваа оштетени стапици и открија неочекуван виновник
Во трудот објавен во списанието Ecology and Evolution, се опишува истражувањето на научниците Кајл Артел и Пол Пакет, кои поставиле камери на плажа близу стапиците за ракови на заедницата Хеилцук во централниот дел на брегот на провинцијата. Научниците сакале да ја откријат причината за оштетувањето на стапиците, кои се користат за контрола на популацијата на европскиот зелен рак. Некои од стапиците биле длабоко под вода, поради што истражувачите претпоставиле дека штетата ја предизвикуваат само морски цицачи.
Камерите ја открија вистината: волк извлекува стапица од вода и ја празни од мамките
Веќе по едно деноноќие од поставувањето на камерите, истражувачите добиле изненадувачки снимки: волк излегува од водата со пловка во устата, ја спушта на брегот, а потоа го зема јажето со забите и го влече сè додека стапицата за ракови не се појави над површината. Потоа животното ја пренесува стапицата поблиску до брегот и ја испразнува мамката. „Бевме воодушевени од она што го видовме“, призна истражувачот Артел од Државниот универзитет во Њујорк. Подоцна камерите забележале идентично однесување и кај втор волк, што на научниците им овозможи да заклучат дека постои веројатност оваа вештина да се учи во рамките на локалната глутница.
Морските волци: мистерија за тоа кога и како го научиле ловот на ракови со стапици
Морските волци се варијанта на сивиот волк, познати по тоа што им е омилена морската храна. Останува мистерија како и кога волците го научиле ваквиот начин на лов на ракови. Истражувачите претпоставуваат дека најпрвин се привлекувале од стапиците кога водата била ниска, а потоа почнале да обрнуваaт внимание и на стапиците што се подлабоко во морето. „На крајот на краиштата, не знаеме точно зошто се случило ова, но најверојатните објаснувања вклучуваат постепено стекнување вештини, почнувајќи со стапици поставени директно на копно, а завршувајќи со поврзувањето на јажето со самата стапица“, рече Артел. За понатамошно проучување на ситуацијата, научниците сега вршат 24-часовни набљудувања користејќи специјални камери поставени во близина на стапиците.