No Image x 0.00 + POST No Image

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари со заплена вредна 30 милиони евра Работниците биле држени во ропство

SHARE
0

Словенечките безбедносни и финансиски власти открија огромна илегална фабрика за индустриско производство на цигари во индустриската зона Тримлини, во непосредна близина на градот Лендава и граничниот премин Петишовци. Според словенечките медиуми, при акцијата е запленета тутунска стока во вредност од околу 30 милиони евра.

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари со заплена вредна 30 милиони евра Работниците биле држени во ропство

Камионот запрен меѓу Лендава и Петишовци ја одвел полицијата до индустриската хала

Целата акција започнала кога инспектори од Финансиската управа на Словенија запреле товарен камион со сомнителен товар на локалниот пат. Следејки ја трагата, полицијата извршила упад во индустриската хала. Внатре биле пронајдени софистицирани машини за производство и пакување фалсификувани цигари од светски брендови.

Камионот запрен меѓу Лендава и Петишовци ја одвел полицијата до индустриската хала

Најмалку 20 странски државjани повеke од 25 дена не виделе дневна светлина

Во халата била затекната морничава слика на модерно ропство. Пронајдени биле најмалку 20 странски државјани, за кои се претпоставува дека потекнуваат од Парагвај. Според нивните потресни сведоштва пред истражните органи, тие биле држени под постојан клуч, спиеле во импровизирани легла внатре во самата фабрика и повеќе од 25 дена воопшто не виделе дневна светлина.

Најмалку 20 странски државjани повеke од 25 дена не виделе дневна светлина

Храната пристигнувала доцна навечер, а истрагата се проширува на трговија со луѓе

На работниците храната им била доставувана исклучиво доцна навечер. Тие, според истрагата, биле принудени на исцрпувачка деноноќна работа под закани од меѓународна криминална група. Словенечката полиција потврди дека истрагата, освен за нелегално производство и даночно затајување, се води и за кривично дело трговија со луѓе. Постојат сомневања за директна поврзаност на организаторите со транснационални шверцерски мрежи.

Храната пристигнувала доцна навечер, а истрагата се проширува на трговија со луѓе

-->