No Image x 0.00 + POST No Image

Во ОАЕ размислуваат за мрежа од подземни тунели со компанијата на Илон Маск

SHARE
0

Абу Даби направи официјален чекор кон идеа што може да го промени движењето низ градот: подземни транспортни системи, тунели за комунални услуги и нова инфраструктура под површината на емиратот. Центарот за проекти и инфраструктура на Абу Даби (ADPIC) склучи договор со американската компанија The Boring Company, основана од Илон Маск, специјализирана за напредни технологии за пробивање тунели и изградба на подземна инфраструктура.

Во ОАЕ размислуваат за мрежа од подземни тунели со компанијата на Илон Маск

Потписите во Абу Даби ги ставија инженер Мејсара Махмуд Салим Еид и Стив Дејвис

Договорот беше потпишан во рамките на меѓународната изложба Liveability and Investment Exhibition (LIVEX 2026). Од страна на ADPIC документот го потпиша генералниот директор на центарот, инженер Мејсара Махмуд Салим Еид, додека од страна на The Boring Company потпис стави претседателот на компанијата Стив Дејвис.

Потписите во Абу Даби ги ставија инженер Мејсара Махмуд Салим Еид и Стив Дејвис

Подземните решениа треба да ја подобрат сообракајната поврзаност и сигурноста на урбаните системи

Во рамките на иницијативата, двете организации ке ги проценат можностите за примена на напредни подземни решениа. Целта е тие значително да ја подобрат поврзаноста во сообракајот, да ја зголемат сигурноста на урбаните системи и да придонесат за одржливиот развој на Абу Даби.

Подземните решениа треба да ја подобрат сообракајната поврзаност и сигурноста на урбаните системи

Абу Даби сака да стане регионален центар за современи технологии за подземни сообракајници

Организациите имаат намера да го искористат меѓународното искуство и најдобрите светски практики при проценката на изводливоста на проектите, начините на нивна реализација и моделите на користење. Истовремено, планирано е развивање на локалните капацитети, за емиратот да се позиционира како место каде што се создаваат, тестираат и применуваат современи технологии за подземна инфраструктура.

Абу Даби сака да стане регионален центар за современи технологии за подземни сообракајници

The Boring Company веке има дозвола за „Дубаи Луп“ долг 17 километри

Соработката предвидува технички и стратешки консултации за подземен транспорт, инфраструктурни тунели, безбедносни стандарди и дигитално проектирање. Претходно, компанијата The Boring Company доби официјална дозвола и за изградба на системот „Дубаи Луп“ (Dubai Loop) – подземна мрежа долга 17 километри што треба да ги поврзе најфреквентните зони во Дубаи.

The Boring Company веке има дозвола за „Дубаи Луп“ долг 17 километри

-->