No Image x 0.00 + POST No Image

Во култна европска книжарница бесплатно преспале повеќе од 30.000 луѓе: Наместо пари, сопственикот барал од нив само три работи

SHARE
20

На левиот брег на реката Сена, точно спроти велелепната катедрала Нотр Дам, е сместено место што со децении ги привлекува љубителите на читањето од сите континенти. Зад препознатливата зелена фасада се кријат тесни премини, полици полни со книги и простории во кои времето како да застанало. Но легендарната книжарница Shakespeare and Company во Париз е многу повеќе од туристичка атракција и обична продавница за книги. Таму со децении се читало, пишувало, расправало, се вљубувало, па дури и се спиело.

Во култна европска книжарница бесплатно преспале повеќе од 30.000 луѓе: Наместо пари, сопственикот барал од нив само три работи

Малите кревети меѓу полиците навечер ја претворале книжарницата во привремен дом

Се проценува дека од 1951 година повеќе од 30.000 писатели, уметници и патници бесплатно престојувале во споменатата книжарница, спиејки на мали кревети поставени меѓу полиците и купиштата книги. Преку ден тие исти кревети служеле како клупи, а навечер Shakespeare and Company се претворал во засолниште за луѓе од сите краишта на светот. Книжарницата се наога спроти катедралата Нотр Дам.

Малите кревети меѓу полиците навечер ја претворале книжарницата во привремен дом

Џорџ Витман го отворил Le Mistral на адресата 37 rue de la Bûcherie

За овој необичен концепт бил заслужен ексцентричниот Американец Џорџ Витман, кој книжарницата ја отворил во 1951 година. На почетокот ја нарекол Le Mistral, а идејата под нејзиниот покрив бесплатно да прима непознати луѓе не се родила случајно. Витман како млад човек, за време на Големата депресија, со само 40 долари во џебот тргнал на патување низ Америка. Пешачел, стопирал и се возел со товарни возови, често зависејки од помошта и гостопримството на целосни странци. Нивната великодушност оставила длабока трага врз него.

Џорџ Витман го отворил Le Mistral на адресата 37 rue de la Bûcherie

Tumbleweeds добивале кревет за една книга дневно, неколку часа помош и автобиографија на една страница

Витман своите необични станари ги нарекувал Tumbleweeds, според сувите растенија што ветерот ги носи каде што сака. За кревет меѓу книгите не барал пари, но имал три правила. Гостите требало да прочитаат една книга дневно, неколку часа да помагаат во книжарницата и да напишат автобиографија на една страница. Илјадници такви кратки животни приказни се зачувани во архивата на книжарницата, а меѓу неговите гости биле и денес познатите холивудски актери Итан Хоук и Џефри Раш, како и режисерот Дарен Аронофски.

Tumbleweeds добивале кревет за една книга дневно, неколку часа помош и автобиографија на една страница

Силвија Бич го објавила „Уликс“ во 1922 година, кога другите не се осмелиле

Интересно е и тоа што првата книжарница под името Shakespeare and Company во Париз уште во 1919 година ја отворила Американката Силвија Бич. Сместена на адресата 12 rue de l'Odéon, била половина продавница, половина библиотека за позајмување книги, но набрзо станала и едно од најважните собиралишта на тогашната париска книжевна сцена. Низ нејзината врата поминале Ернест Хемингвеј, Френсис Скот Фицџералд, Т. С. Елиот и бројни други писатели. Книжарницата силно ја обележил и Џејмс Џојс. Кога другите не се осмелиле да го објават неговиот роман „Уликс“, Силвија Бич тоа го направила во 1922 година. Храбриот потег на нејзината мала книжарница во француската престолнина и обезбедил важно место во историјата на светската книжевност, но Втората светска војна променила се. По германската окупација на Париз, книжарницата работела до 1941 година, кога во неа влегол нацистички офицер и го побарал последниот примерок од романот на Џојс „Финеганово бдеење“. Бич одбила да му го продаде, а тој се заканил дека ќе се врати и ќе и го заплени имотот. Силвија се тргнала во станот на катот, но првиот Shakespeare and Company никогаш повеќе не ги отворил своите врати.

Силвија Бич го објавила „Уликс“ во 1922 година, кога другите не се осмелиле

Во 1964 година Le Mistral станал Shakespeare and Company, точно на 400-годишнината од раѓањето на Вилијам Шекспир

Витман ја познавал Бич, која со задоволство ја посетувала неговата книжарница. Подоцна решил името на својот простор да го врзе за нејзиното наследство и за книжевната историја што таа ја создаде во Париз. Кога во 1981 година ја добил својата единствена ќерка, Витман ја нарекол Силвија, во чест на исклучителната жена што му била голем пример. Тој починал во 2011 година, два дена по својот 98. роденден, а култната книжарница во самото срце на Париз денес ја води токму неговата ќерка.

Во 1964 година Le Mistral станал Shakespeare and Company, точно на 400-годишнината од раѓањето на Вилијам Шекспир

-->