No Image x 0.00 + POST No Image

Кинез се оженил со жена само по 4 часовен состанок на слепо, а за еден месец таа му ги потрошила сите заштеди од 34.000 долари

SHARE
25

Хуанг Чонгченг од градот Хенгјанг, провинција Хунан, стана вирален на кинеските социјални мрежи кога за само четири часа по слеп состанок се ожени со жена, која за помалку од еден месец му ги потроши заштедите од над 240.000 јуани (околу 34.000 долари). Овој необичен случај предизвика лавина реакции и коментари, шокирајќи ја јавноста.

Кинез се оженил со жена само по 4 часовен состанок на слепо, а за еден месец таа му ги потрошила сите заштеди од 34.000 долари

Слеп состанок организиран од 9 стројници, Хуанг се жени истиот ден

Наутро на 21 август, Хуанг бил запознаен со идната сопруга преку слеп состанок организиран од дури девет стројници. „На патот кон состанокот, одеднаш се појавија осум стројници. Заедно со еден од моето село, беа девет кои ја препорачуваа истата жена“, изјави Хуанг за Хунанската радиодифузна станица. Парот се сретна и се регистрира за брак само четири часа подоцна. „Таа инсистираше се да завршиме истиот ден. Околу 17 часот веќе го формализиравме бракот. Се беше како во магла, и ѝ реков: „Денеска како да сонувам.“

Слеп состанок организиран од 9 стројници, Хуанг се жени истиот ден

Сопругата го одбива Хуанг, го испраќа на работа и бара пари по секоја цена

Првата ноќ по бракот престојуваат во хотел – единственото време кога биле интимни. "После тоа, дури и кога се обидував да ја прегрнам, таа ме одбиваше" – тврди Хуанг. Два дена подоцна, жената го убедува да замине на работа во провинцијата Гуангдонг и почнува постојано да му бара пари за различни изговори, притоа инсистирајќи дека само ги „позајмува“. За помалку од еден месец, сите негови заштеди биле потрошени.

Сопругата го одбива Хуанг, го испраќа на работа и бара пари по секоја цена

Сите пораки се вртеа околу пари, дамата бара средства за фестивали и компјутер за ќерката

„Таа обично не одговараше кога ја барав, но секогаш кога можеше, беше само за пари. На пример, побара средства за фестивалот Чиси (кинески Ден на вљубените). На 6 септември рече дека ѝ треба компјутер за нејзината ќерка", изјави Хуанг. Од записите на Вичат се гледа дека ѝ испратил „црвено плико“ од 1.314 јуани - 160 евра (број со симболика за „засекогаш“ во Кина), а таа одговорила: „Фала, љубов“. Подоцна ѝ префрлил и дополнителни 2.300 јуани (280 евра) за компјутерот.

Сите пораки се вртеа околу пари, дамата бара средства за фестивали и компјутер за ќерката

Само за еден месец, жената ги трошела сите 240.000 јуани од неговата заштеда

„Само таа ги потроши сите 240.000 јуани. Се запознавме на 21 август, а до 8 септември – за помалку од еден месец – веќе ги немаше“, рече Хуанг. Кинеската јавност остана згрозена од брзината со која се случија настаните и експлозивното трошење на парите.

Само за еден месец, жената ги трошела сите 240.000 јуани од неговата заштеда

Јавноста во Кина е шокирана – ова е измама, бараат одговорност за деветте спојувачи

Случајот стана вирален и испровоцира бројни коментари на социјалните мрежи во Кина. Еден од корисниците напиша: „Дури и нарко дилери би пуштиле солза кога ќе го видат ова.“ Друг додаде: „Ги почитувам оние што се осмелуваат да стапат во брак импулсивно. Навистина се храбри! Можеби дури и не знаат каде живее другата личност, а сепак се подготвени да се венчаат и да ѝ ги дадат парите. Без сомнение, респект!“ Трет коментар гласеше: „Треба да поднесе тужба, а деветте стројници да одговараат. Ова е заедничка измама.“

Јавноста во Кина е шокирана – ова е измама, бараат одговорност за деветте спојувачи