No Image x 0.00 + POST No Image

Во Јужна Кореја постојат машки фризерници кои нудат „специјални услуги“ само за клиенти кои можат да платат

SHARE
25

Јужна Кореја крие една посебна категорија машки фризерници што на прв поглед изгледаат како обични салони за убавина или берберници. И обично ваквите установи се обележани со два познати ротирачки и разнобојни столба. Тоа е, ако има еден ротирачки столб на влезот во фризерски салон во Јужна Кореја, тогаш станува збор за обичен, официјален фризерски салон. Но, ако фасадата има два ротирачки столба што се вртат во спротивни насоки, тоа веќе не е само фризура. Ваквите установи обично се наменети за странски мажи и служат како прикриени секс установи.

Во Јужна Кореја постојат машки фризерници кои нудат „специјални услуги“ само за клиенти кои можат да платат

Салоните се само за мажи, вработени се само жени, а симболите го кријат скриеното значење

Овие фризерници дозволуваат пристап само на машки, и тоа особено ако се гости кои можат „дебело“ да платат. Работничките се исклучиво жени, а надворешниот знак – двојно шарен столб – станува код за нешто многу повеќе од фризерска услуга.

Салоните се само за мажи, вработени се само жени, а симболите го кријат скриеното значење

Што се случува ако клиентот побара „Агаси, ве молам“ – токму тогаш започнува вистинската услуга

Доколку машкиот клиент се однесува како секојдневен посетител, ќе добие сосема обична фризура. Но, ако ја изговори фразата: „아가씨 주세요“ (Agassi juseyo) — што буквално значи „Ве молам, донесете ми дама“ — тогаш сценариото целосно се менува. Клиентот се води во одделна просторија, каде што му се нуди избор од неколку девојки (обично од две до четири), како и можност да го плати времето што го посакува.

Што се случува ако клиентот побара „Агаси, ве молам“ – токму тогаш започнува вистинската услуга

Цената на специјалните услуги почнува од околу 35 евра за 30 минути, а за повеќе луксуз – постојат ексклузивни масажни салони

Минималната цена за ваква екстра услуга во фризерниците изнесува околу 50.000 вони (околу 35 евра) за 30 минути. Ако салонот е поелегантен и девојките поатрактивни, цената може да се зголеми и до петпати. За мажите кои сакаат уште поскапа услуга и поелегантни девојки во Кореја постојат и специјални масажни салони (안마), каде почетната цена изнесува 230.000 вони (околу 160 евра).

Цената на специјалните услуги почнува од околу 35 евра за 30 минути, а за повеќе луксуз – постојат ексклузивни масажни салони