No Image x 0.00 + POST No Image

Штипскиот ултрамаратонец Тони Манев во Швајцарија го започна својот најголем предизвик досега „Crossing Switzerland 400K“

SHARE
25

Штипскиот ултрамаратонец Тони Манев во Швајцарија го започна својот најголем предизвик досега, „Crossing Switzerland 400K“. Пред него е траса низ Швајцарските Алпи со 25.000 метри висинско искачување, околу 15 алпски превои и временски лимит од 7 дена и 8 часа. Ова е трка што важи за една од најтешките во Европа и бара исклучителна физичка подготвеност, психичка стабилност и издржливост до последниот чекор.

Штипскиот ултрамаратонец Тони Манев во Швајцарија го започна својот најголем предизвик досега „Crossing Switzerland 400K“

„Недела 08.00ч, старт на едно ново доживување“

Манев ја почна екстремната ултра-трка која води од Лихтенштајн до Франција, минувајќи низ Алпите. Пред стартот, тој се огласи на фејсбук и напиша: „Недела 08.00ч, старт на едно ново доживување, од Лихтенштајн до Франција, низ Швајцарските Алпи, 400 километри со 25.000 метри висинско искачување. Благодарност до Влатко Јакимов и твоите емигранти благодарение на Ми60 најзаслужните што сум тука, и како по случајност уште еден емигрант Алекс Хадад човекот од Јужна Африка кој емигрирал во Швајцарија. Повторно заедно по 2 години по успешната Eiger 270k“

„Недела 08.00ч, старт на едно ново доживување“

Бад Рагац е почетокот, Монтре е целта што треба да се стигне за 7 дена и 8 часа

Трасата ги носи натпреварувачите низ едни од најживописните, но и најтешките планински предели во Европа. Ова не е само спортска трка. Ова е вистински испит на физичката подготвеност, менталната сила, истрајноста и карактерот. Секој километар ќе биде борба со заморот, временските услови и сопствените граници, но токму таму се раѓаат најголемите спортски приказни.

Бад Рагац е почетокот, Монтре е целта што треба да се стигне за 7 дена и 8 часа

Со секој чекор низ Алпите го носи името на Штип и Македонија

Тони Манев со години е симбол на посветеност, дисциплина и љубов кон спортот. Со овој подвиг тој не го претставува само себе, туку и својот град, своите сограѓани и сите љубители на спортот кои веруваат дека најголемите победи започнуваат таму каде што завршува зоната на комфор. Штип има уште една причина за гордост. Нека трката биде безбедна, духот силен, а целта во Монтре успешно достигната. Нека секој алпски превој биде уште една освоена победа, а секој километар потсетник дека храброста нема граници.

Со секој чекор низ Алпите го носи името на Штип и Македонија

-->