И после Охрид бил скап: Инфлуенсерка во шок ќе ви ја открие вртоглавата цена за две пијачки во Дубаи
Ако мислите дека кафето во Охрид е скапо, замислете како им е на оние што живеат во Обединетите Арапски Емирати. Австралијската инфлуенсерка Луиз Старки стана вирален хит откако јавно ја објави сметката од концерт во Дубаи – каде што за две пијачки ѝ наплатија вртоглаво висока сума.
In This Article:
Луиз Старки плати 233 евра за две вотка-ред бул на концерт во Дубаи
Луиз Старки сподели видео со сметката на својот Инстаграм профил, каде откри шокантен износ кој го платила за две обични пијачки на настан во Дубаи викендов. Луиз рече: „Не можам да се помирам дека платив 380 дирхами (околу 233 евра) за две пијачки синоќа. Го погледнав шанкерот и му реков: ‘Дали си сериозен? Ова е лудо’.“
Два дупли вотка-ред бул чинат како половина македонска плата
„Знаете ли што пиевме? Два дупли вотка-ред булови. Не беше коктел. Не добив осум, добив два,“ објаснува Луиз во видеото. Дури и шанкерот останал засрамен од цената: „Ми климна со глава и беше срамежлив…“
Феноменот е масовен: Сведоштва за скапи пијалаци во Дубаи – некои ги испразнија паричниците за само една вечер
Постот на Луиз предизвика лавина коментари. Еден корисник напиша: „Купив две пива во Дубаи и никогаш повторно не излегов додека бев таму. Буџетот за забава ми отиде.“ Друг сподели: „Треба да прашаш што точат, инаку ставаат премиум алкохол. Платив 1000 дирхами за пет текили еднаш!“ Трет рече: „Да, платив 398 дирхами за две џин-тоник во Versace. Ги испив и си отидов – ако останев ќе банкротирав.“ Но, имаше и такви што велат дека ова е стандард за Дубаи: „Да, ова е нормално – не е скапо. Настани се, секогаш е вака, иако навистина е ужасно.“