No Image x 0.00 + POST No Image

Витезите Темплари на Македонија и Австрија стапија во акција во Куманово: Опремија неколку одделенија во градската болница, а напролет најавија уште поголем потфат

SHARE
0

Општата болница во Куманово доби значајна хуманитарна донација од Големиот приорат на Витезите Темплари на Македонија (OSMTH), во соработка со нивните партнери од Австрија. Во пакетот се обезбедени вкупно 45 хидраулични болнички кревети со душеци, ноќни масички и 19 греалки, наменети за подобри услови за престој и лекување на пациентите.

Витезите Темплари на Македонија и Австрија стапија во акција во Куманово: Опремија неколку одделенија во градската болница, а напролет најавија уште поголем потфат

Интерното одделение, хирургијата, неврологијата и модуларната болница се меѓу местата каде што опремата е најпотребна

Донацијата е реализирана со поддршка на Големиот приорат на Австрија, австриската амбасада во земјава, локалната самоуправа, граѓански здруженија и општествено одговорни компании. Новата опрема е наменета пред сè за одделенијата каде што има најголема потреба од обновување на болничкиот инвентар.

Интерното одделение, хирургијата, неврологијата и модуларната болница се меѓу местата каде што опремата е најпотребна

Сашо Стошевски рече дека помошта не е само материјална

Директорот на Општата болница Куманово, Сашо Стошевски, ја нагласи практичната вредност на опремата за пациентите и за медицинскиот персонал. „Станува збор за донација од хидраулични кревети и друга медицинска опрема која ќе биде од голема корист пред сè за нашите пациенти, за подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал и за подобра грижа и нега. Оваа донација за нас не е само материјална помош, туку пример како пријатели, здруженија и амбасади заедно со локалната самоуправа се вклучија во помош на болницата“, изјави директорот на Општата болница Куманово, Сашо Стошевски.

Сашо Стошевски рече дека помошта не е само материјална

Мартин Памер ја спомена и тиролската помош за пожарникарите

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер, кој ја истакна пријателската соработка меѓу двете земји и активната улога на граѓанските организации. „Ова е повторно доказ како нашите две земји се пријателски и како цивилното општество во Австрија, како Витезите Темплари, се грижи за граѓаните овде. Имаме одлична соработка не само во областа на здравството и донациите за болниците, туку и во пожарникарството, каде што покраината Тирол донираше опрема и возила за пожарникарите“, истакна амбасадорот Памер.

Мартин Памер ја спомена и тиролската помош за пожарникарите

Максим Димитриевски им се заблагодари на оние што овозможија креветите да пристигнат во кумановската болница

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, упати благодарност до иницијаторите на проектот – Витезите Темплари, граѓаните на Австрија и сите здруженија што помогнаа креветите да пристигнат во кумановската болница. Тој порача дека локалната самоуправа останува посветена на подигнување на квалитетот на здравствената заштита.

Максим Димитриевски им се заблагодари на оние што овозможија креветите да пристигнат во кумановската болница

Снежана Зечевиќ најави уште поголема хуманитарна донација напролет

Големиот приор на Македонија на Витезите Темплари, Снежана Зечевиќ, појасни дека акцијата е реализирана со помош на Големиот приорат на Австрија и неговата екселенција Манфред Аугустин. Таа најави дека ова е само прв дел од соработката. Во реализацијата на активноста учествуваше и Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово, на чело со директорот Александар Крстевски, кој во договор со болницата ја пренасочи опремата таму каде што во моментов е најпотребна за граѓаните.

Снежана Зечевиќ најави уште поголема хуманитарна донација напролет

-->