No Image x 0.00 + POST No Image

15 основни работи што луѓето ги чуваат во своите подруми за „не дај Боже судниот ден“

SHARE
22

Пар од Монтана, САД, решава да се подготви за најлошото, купувајќи доволно намирници и опрема за да преживее цела година изолиран од светот, ако дојде до војна, природна катастрофа или долг прекин на струја. По настанот со кинескиот шпионски балон кој го прелета САД, Кери и Колтон Смит решија дека иднината е премногу несигурна за да не се преземат мерки.

15 основни работи што луѓето ги чуваат во своите подруми за „не дај Боже судниот ден“

Кери и Колтон Смит градат своја безбедност преку подготовки

Кери, домаќинка која советува преку својот профил @housewifeprepper, вели: „Отсекогаш сме биле подготвени на земјотреси – но, шпионскиот балон беше буден повик. Сфатив дека морам сама да ја преземам одговорноста за безбедноста на моето семејство“. Парот собира генератори, буриња за вода од 208 литри, храна што трае 25 години, оружје и електрошокови за заштита, сончеви панели, сателитски телефони и спасувачки чамец. Дури имаат „bug-out bags“ и за миленичето!

Кери и Колтон Смит градат своја безбедност преку подготовки

Пет основни категории за опстанок: Храна, вода, засолниште, самоодбрана и комуникација

Се што им треба е распоредено по различни локации – дома, во колите и кај пријатели, за да имаат мрежа на поддршка дури и ако едно место стане недостапно. Безбедноста им се заснова на храна, вода, кров над глава, електрична енергија, самоодбрана и комуникација. За нив, подготовките се рационален пристап, а не параноја: „Ова не е само за судниот ден, туку и за секојдневни кризи како губење работа или природна катастрофа“.

Пет основни категории за опстанок: Храна, вода, засолниште, самоодбрана и комуникација

Најважни работи за преживување цела година според искусните „преживувачи“

1. Филтрирање и прочистување на вода (мобилен филтер, таблети) 2. Резерва вода (најмалку 4 литри по лице дневно) 3. Залиха на храна (конзерви, енегетски плочки) 4. Алатки за палење оган (водоотпорни чкичи, запалка, кремен) 5. Комплет прва помош (лекови, завои, антисептик) 6. Засолниште (шатор, покривна фолија, спасувачко ќебе) 7. Топла облека и изолација 8. Мулти-алатка или нож 9. Извор на светлина (челна лампа, батерии, соларна лампа) 10. Ориентациони алатки (компас, мапа) 11. Пренослив извор на струја (соларен полнач, генератор) 12. Комуникациски уреди (радио, пискалка, сателитски телефон) 13. Средства за самоодбрана (спреј, огнено оружје или алтернатива) 14. Средства за хигиена (сапун, влажни марамчиња, вреќи за отпад) 15. Важни документи и готовина (водоотпорна торба)

Најважни работи за преживување цела година според искусните „преживувачи“

Подготовките не се лудост, туку грижа и одговорност за семејството

Иако некои луѓе ги сметаат за екстремисти, за Смит целта е едноставна: одговорно семејно водење. „Ова е инвестиција, како осигурување. Природните ресурси, храна, вода и струја се најважни. Тоа не е екстремизам, туку памет,“ вели Кери. Тие се надеваат дека нивниот пример ќе инспирира и други да бидат подготвени за секој непланиран настан.

Подготовките не се лудост, туку грижа и одговорност за семејството