No Image x 0.00 + POST No Image

Вистински „Паразити“: Кинеска жена тајно живеела во туѓ дом цели 7 години, скриена во луксузен подрум

SHARE
24

Дали сте гледале го гледале филмот „Паразити“? Во филмот, семејство се крие во куќата на богаташи, а поранешната сопственичка има и таен бункер под земја. Ова сценарио станува реалност, но не во Јужна Кореја, туку во Кина, каде една жена успеала да живее скриена цели 7 години по продажбата на куќата.

Вистински „Паразити“: Кинеска жена тајно живеела во туѓ дом цели 7 години, скриена во луксузен подрум

Сопственикот открива тајна врата и целосно опремен подрум под неговата куќа

Ли, сопственик на куќа од провинцијата Џиангсу, Кина, сосема случајно открива скриена врата зад скалите во домот. Оваа врата водела до подрум со модерна вентилација, осветлување, па дури и бар. Семејството седум години живеело без да знае дека под нив има уште едне луксузна просторија, опремена и подготвена за живеење.

Сопственикот открива тајна врата и целосно опремен подрум под неговата куќа

Поранешната сопственичка седум години го користела подрумот како свое место

Излегло дека тајниот станар во подрумот била поранешната сопственичка на куќата, госпоѓа Жанг. Иако имотот ѝ бил продаден уште пред 7 години за речиси 2 милиона јуани, таа продолжила да го користи подрумот како личен простор за одмор и забава, тврдејќи дека тој не бил предмет на купопродажниот договор. Се верува дека таа влегувала преку посебна врата од гаражата.

Поранешната сопственичка седум години го користела подрумот како свое место

Судот ја признава сопственоста на семејството Ли и наложува оштета за скриениот подрум

Новиот сопственик решил да побара правда на суд. Кинескиот суд пресудил во негова корист, наредувајќи ѝ на поранешната сопственичка да плати финансиска компензација и да го признае неговото целосно право на подрумот. Оваа неверојатна приказна шокираше многумина во Кина, бидејќи потсетува на сценарија од познати филмови, но сепак е сурова реалност.

Судот ја признава сопственоста на семејството Ли и наложува оштета за скриениот подрум