No Image x 0.00 + POST No Image

Вистинска магија на стилот: Како облеката може да ни помогне да го сокриеме стомакот, без да ја изгубиме женственоста и самодовербата

SHARE
20

Иако пораките за себеприфаќање денес се посилни од кога било, реалноста е дека повеќето од нас сакаат да изгледаат убаво и да се чуствуваат добро во својата кожа. Кога еден детал како истакнат стомак го нарушува нашиот мир пред огледало, решението не секогаш значи драстични промени – понекогаш, доволна е мудро одбрана облека. Во оваа приказна ќе откриеме проверени трикови за две од најчестите форми на женското тело – „круша“ и „јаболко“, и како секоја жена може да го истакне своето најдобро, оставајќи ги несигурностите зад себе.

Вистинска магија на стилот: Како облеката може да ни помогне да го сокриеме стомакот, без да ја изгубиме женственоста и самодовербата

Прво: Препознај го својот тип на фигура – „круша“ или „јаболко“

Стомакот не изгледа еднакво кај сите – и пристапот за негово маскирање зависи од формата на телото. Кај фигура „круша“, стомакот е сместен под половината, а половината останува изразена. Овој тип има нагласени колкови и понежно оформен горен дел. Кај „јаболко“ стомакот е повисок, половината слабо видлива, а тежиштето е во горниот дел од телото. Препознавањето на сопствената градба е основа за мудар и функционален избор на облека.

Прво: Препознај го својот тип на фигура – „круша“ или „јаболко“

Совети за облекување за тип на тело „круша“

За да се прикрие долниот стомак кај телесен тип „круша“, најдобро е да се избира облека со нормална или висока половина, бидејќи визуелно го издолжува торзото и го пренасочува вниманието кон горниот дел од телото. Панталоните со прав или малку раширувачки крој создаваат рамнотежа со колковите и не ја нагласуваат нивната ширина. Наместо здолништа со нагласени волани, подобро е да се изберат модели со меко фалтање, преклоп или лесна драпираност, кои додаваат движење без вишок волумен. Ткаенините треба да бидат мазни и лесни, бидејќи грубите и дебели материјали можат да додаваат визуелна тежина. Горниот дел од телото може да се истакне со умерено отворено деколте или со крој што ја открива клучната коска, што го насочува погледот кон лицето и вратот. Треба да се избегнуваат премногу широки фустани што го кријат струкот, како и светли бои, детали и мини должини во пределот на колковите, тенки ремени и тесни панталони, бидејќи дополнително го нагласуваат тој дел од телото.

Совети за облекување за тип на тело „круша“

Трикови за „јаболко“: Вертикални линии и акценти на нозете за визуелна рамнотежа

Кај „јаболко“ најважно е да се избегнува форсирање на половината со појаси или јакни со тесен крој. Најдобро е да се избираат фустани во облик на трапез, пошироки горни делови, отворени јакни или елеци, а тешки материјали на горниот дел да се избегнуваат. Должината на фустанот или здолништето малку над коленото одлично ги истакнува нозете. Внимавај линијата на рамената да биде јасна и права, и користи облека што визуелно издолжува, наместо да додава непотребен волумен.

Трикови за „јаболко“: Вертикални линии и акценти на нозете за визуелна рамнотежа

Стилот нема правила – но со вистински избор, ќе ја истакнеш својата природна убавина

Облеката не е магичен стап, но е моќна алатка за почувствуваш хармонија со себе. Нејзината улога е да ти помогне да се сакаш себеси, да се чуствуваш сигурно и гордо со тоа што си. Овие стилски совети не се за да се скриеш, туку да го истакнеш најдоброто од себе пред сè во сопствените очи. Твојот стил е твоја приказна. Започни ја со самодоверба.

Стилот нема правила – но со вистински избор, ќе ја истакнеш својата природна убавина