ВИЦ
Заедно летале Македонец, Американец и Холанѓанин. Авионот губи висина и паѓа во прашума каде живеат човекојадци. Им пришол поглавицата , здраво бургери како сте ? Ти батка од каде си А ? Од Америка вика јадников, ако ме пуштите се ќе Ви дадам ние сме многу богати, виски, цигари, .. Ок Каубој ти у прв казан во тебе има добар гулаш. Така и биднало. Се најало племето, имале гасови три дена. На ред дошол Холанѓанецот , Ти бе батка шо имаш да кажеш ? Па видете мене ако ме пуштите овде се ќе Ви биде во лалиња, парфеми, чоколади ... Поглавицата, Ти летечи Холанѓанин у казан со гравче. Така и биднало. Племето се изнајало ... Па на ред дошол овој нашиов , Ти бе батка шо ќе лафеш ? Ништо , правите што ќе правите овие ги кркнавте па мене , од мала земја сум. Кажуј бе од кај си. Абе на карта неможете да ме најдете им вика. Поглавицата - Кажуј бе .. Од Македонија, Поглавицата од Македонија . Цело племе паднало на колена. Нашиов зачуден малку се опуштил. Кажи точно од каде си . Од Скопје им вика нашиов. Од Скопје , племето почнало да го дарува го седнале на видно место на масата. Добро братче смири се тебе не те јадеме му вика поглавицата. Само кажи ми од каде точно си од Скопје ? Од Драчево вика Нашиов. Цело племе на оро , прослава, сите радосни. Па добро бе вика нашиов што вака ме удостоивте ? Седи бе мирен, уживај му вика поглавицата Ти ќе ме наследиш. Ние ‘’Кромидот“ го набавуваме од Драчево !