Вештачката интелигенција се соочува со енергетска криза која може да го промени целото човештво
Светските технолошки гиганти влегоа во трка против времето: како да се нахрани ненаситниот апетит на вештачката интелигенција за електрична енергија? Додека употребата на АИ се шири глобално, потрошувачката на струја станува алармантна – и се заканува со енергетски дефицит на планетарско ниво.
In This Article:
До 2030, дата центрите ќе користат 3% од светската електрична енергија – Двапати повеќе од денес
Вештачката интелигенција зависи од дата центрите, а според Меѓународната агенција за енергија, до 2030 година тие би можеле да користат три проценти од вкупната електрична енергија во светот – двојно повеќе од сегашната потрошувачка. Стручњаците предупредуваат: градењето нови центри едвај го следи растот на АИ, а се заканува и општ недостиг на енергија.
Технолошките компании се во паника
Постојат два главни патишта: или ќе се гради повеќе енергетска инфраструктура – што бара време – или АИ индустријата ќе мора да биде поефикасна со веќе постоечка струја. Ова значи креативни решенија, од поштедливи чипови до „паметни“ алгоритми и иновативни методи за ладење на серверите.
Инженерските иновации: Од прецизни алгоритми до течност за ладење
На Универзитетот во Мичиген, алгоритмите што ги развија ха намалуваат потрошувачката на струја до 30%. Денес, ладилниците и инфраструктурата трошат само 10% од енергијата што ја консумираат серверите. Повеќето дата центри сега користат сензори со АИ што прецизно го контролираат разладувањето по зони. Клучна иновација е ладењето со течност, кое веќе го применуваат големите компании – вклучително и Амазон и Нвидиа – како одговор на драматично зголемената потрошувачка на енергија од новите генерации на чипови.
Ќе ја намалат ли овие мерки вкупната потрошувачка? Стручњаците се скептични
Секоја нова генерација чипови навистина е поефикасна, покажуваат истражувањата на универзитетот Пердју. Но, со зголемувањето на побарувачката, вкупната бројка на потребна енергија сепак расте – само нешто побавно отколку порано. Особено, во САД енергијата се смета за клучна за предноста во светската трка со Кина, каде што стартапот DeepSeek постигна врвни резултати со помалку струја преку попрецизно програмирање. Аналитичарите предупредуваат: потрошувачката на електрична енергија ќе продолжи да расте, без оглед на сите иновации, само можеби не толку брзо како досега.