No Image x 0.00 + POST No Image

Вештачката интелигенција предизвикува скок на потрошувачката на енергија – експерти предупредуваат за глобална енергетска криза која нѝ се заканува

SHARE
25

Стремежот кон развојот на вештачката интелигенција веќе започнува да создава неочекуван и сериозен проблем: неконтролирано зголемување на потрошувачката на електрична енергија низ целиот свет. Hitachi Energy, глобален лидер во областа на енергетската инфраструктура, алармира дека трендот може да доведе до сериозни прекини и криза во снабдувањето со електрична енергија.

Вештачката интелигенција предизвикува скок на потрошувачката на енергија – експерти предупредуваат за глобална енергетска криза која нѝ се заканува

Вештачката интелигенција предизвикува непредвидлива и нагла потрошувачка

Сe почестото воведување на генеративна вештачка интелигенција создава ненадејни и чести скокови во барањата за електрична енергија, што им отежнува на операторите на електричните мрежи да балансираат и прогнозираат во реално време. За разлика од традиционалната индустриска или домаќинска потрошувачка, центрите за обработка на податоци кои користат ВИ можат да предизвикаат нагли, тешко предвидливи пикови во потрошувачката.

Вештачката интелигенција предизвикува непредвидлива и нагла потрошувачка

До 2028 година, центрите за обработка на податоци ќе трошат до 12% од целата електрична енергија во САД

Прогнозите се алармантни: од само 4,4 % во 2023 година, до 2028 година, во САД 12 % од вкупната потрошувачка на електрична енергија ќе оди само за центри за обработка на податоци. Причината е огромната количина струја која е потребна за обучување и одржување на големите ВИ-модели во непредвидливи моменти, тренд што забрзано се шири и во други земји низ светот.

До 2028 година, центрите за обработка на податоци ќе трошат до 12% од целата електрична енергија во САД

Постои ризик од преоптоварување на сегашната инфраструктура

Овие брзи и големи осцилации со побарувачката носат ризик за колапс или преоптоварување на постојната мрежа, особено во земји каде инфраструктурата е застарена или каде нема доволно инвестиции за нејзин напредок и зголемување на капацитетите.

Постои ризик од преоптоварување на сегашната инфраструктура

САД, Индија и Европа веќе се движат кон решенија

Иако предизвикот е глобален, најсилно се чувствува токму во региони со многу центри за обработка и стара енергетска мрежа. Владите и компаниите во САД, Индија и европските земји веќе почнаа со големи проекти за замена и зголемување на мрежни капацитети, поставување нови трансформаттори и воведување технологии за подобро управување со скоковите во побарувачката поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

САД, Индија и Европа веќе се движат кон решенија